ПРОМОВИРАНА КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА ЖРТВИТЕ ОД МОБИНГ
21.12.2010
Денес во ССМ е отворена Канцеларијата за жртвите од мобинг, каде сите граѓани ќе можат да се обратат ако се малтретирани на работните места. ССМ и Синдикатот за финансиски дејности, носители на проектот, повикуваат на храброст во барањето помош...
УТРЕ ВО ССМ СЕ ОТВОРА КАНЦЕЛАРИЈА ЗА МОБИНГ
20.12.2010
На 21 декември во Сојузот на синдикатите на Македонија се отвора Канцеларија за мобинг, каде работниците ќе можат да добијат советодавна, правна, здравствена и друг вид помош. Канцеларија произлегува од проектот“ Антимобинг мрежа – МК“ на ССМ и на Синдикатот за финансиски дејности...
СОПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА ПО ПОВОД ИЗЈАВИТЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗОРАН ЗАЕВ
19.12.2010
Сојузот на синдикатите на Македонија го осудува вчерашниот јавен настап на политичарот Зоран Заев. Наш став е луѓето да не се дискриминираат по ниедна основа, па и според политичката определба. Како Синдикат секогаш ќе се бориме против било кој вид дејства од кои ќе страдаат граѓаните...
ОДРЖАН ШЕСТИОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ НА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА
14.12.2010
Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија денес го одржа Шестиот Конгрес. За претседател во наредниот мандат е избран Анѓелко Анѓелковски...
СРЕДБА СО СТЕЧАЈЦИТЕ ВО ССМ
14.12.2010
Да се достави точен податок за бројот на стечајните работници е барањето од раководството на ССМ до претставниците на нивните здруженија на денешната средба. Најдобар и најбезболен начин се измени во условите за пензионирање, што ССМ ќе го актуелизира наредните месеци...
СИНДИКАТОТ ЗА ТЕКСТИЛ УТРЕ ОДРЖУВА КОНГРЕС
13.12.2010
Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија утре го одржува својот Шести Конгрес, под мотото “Побројни, единствени, посилни“...
ОДРЖАНО ШЕСТОТО СОБРАНИЕ НА СИНДИКАТОТ ЗА ХЕМИЈА
13.12.2010
Синдикатот на хемија, неметали и метали на Македонија го одржа Шестото собрание. За претседател е избран Зоран Мироновски...
ДЕНЕС ПРОМОВИРАНА “АНТИМОБИНГ МРЕЖА – МК“
10.12.2010
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија е промовирана “Антимобинг мрежа – МК“. Една од целите е Проектиниот тим на мрежата да ги опфати сите фактори од земјата кои се занимаваат со проблемот на злоставување на работните места...
УТРЕ СЕ ОДРЖУВА СОБРАНИЕ НА СИНДИКАТОТ НА ХЕМИЈА, НЕМЕТАЛИ И МЕТАЛИ
10.12.2010
Утре во Охрид се одржува Шестото собрание на Синдикатот за хемија, неметали и метали, под мотото “Синдикатот е секогаш со тебе...
УТРЕ ПРОМОЦИЈА НА “АНТИМОБИНГ МРЕЖА МК“
9.12.2010
Утре во ССМ ќе се одржи промоција на проектот “Антимобинг мрежа – МК“. Проектот ќе се одвива во рамките на регионалната “Мрежа за здравје и заштита при работа“, во која учествуваат институции од Хрватска, Србија и Црна Гора...
МОБИНГОТ СЕ ТРЕТИРА ПОИНАКУ СО ПОСЕБЕН ЗАКОН
3.12.2010
Најизненадувачка беше реакцијата на работодавачите – тие најсериозно го сфатија новиот закон, посведочија од Министерството за труд на Србија. И македонските субјекти се на мислење дека е потребен посебен закон против злоставувањата на работното место...
ПОТПИШАН КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА
24.11.2010
АГРО Синдикатот и Здружението за земјоделство при Организацијата на работодавачи вчера го потпишаа колективниот договор за двете дејности. Договорот е продолжен за две години...
ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ ОХРАБРУВААТ ДА БАРААТ ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
24.11.2010
Унапредување на меѓуинституционалната соработка при постапување по случаи на дискриминација е тема на денешната работилница, што ја организираа ОБСЕ и Министерството за труд и социјална политика...
ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПРАВАТА НА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ
23.11.2010
“Работничките права и младите работници“ е наслов на тркалезната маса што ќе се одржи утре во Југоисточниот европски универзитет во Тетово. Средбата е дел од проектот на Балканската фондација за деца и млади, ССМ и Универзитетот во Љубљана...
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БОРБА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈАТА
22.11.2010
Не очекувајте дека некој ќе дојде од Брисел и ќе ви ги реши проблемите. Секоја земја наоѓа сопствен начин за намалување на бројот на сиромашните. Сепак размената на искуства е корисна...
Лист 38 од 60






















