РЕШЕНИЈА ЗА СТЕЧАЈНИТЕ И ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК РАБОТНИЦИ
06.04.2011
Реализирање на Иницијативата за повеќе услови за пензионирање, која ја предложија ССМ и КСС, е најефикасниот начин за решавање на проблемот на стечајните работници...
ДЕНЕС СЕ ОДРЖА ОСМОТО СОБРАНИЕ НА СИНДИКАТОТ ЗА ТРГОВИЈА
Синдикатот на работниците од трговијата денес во Скопје го одржа своето Осмо Собрание. За претседател во наредниот мандат е избрана Мирјана Хаџи – Скерлева...
ССМ И КСС СВЕЧЕНО ГО ОДБЕЛЕЖАА ЧЛЕНСТВОТО ВО ИТУЦ
28.03.2011
Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати денес свечено го одбележаа приемот во Светската конфедерација на синдикати, каде добија статус на придружни членки...
МИЌО СТОЈАНОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СРСВМ
25.03.2011
На Петнаесеттото Собрание на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските за претседател е избран Миќо Стојановски. На Собранието е претставена новата Програма...
ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ОПШТЕСТВЕНА ВКЛУЧЕНОСТ НА МЛАДИТЕ
24.03.2011
Денес се одржа завршната конференција на двегодишниот проект “Отворен дијалог за општествена вклученост на младите преку вработување и нивните работнички права во Република Македонија“, што го водеа Балканската фондација за деца и млади, Универзитетот во Љубљана и Сојузот на синдикатите...
МПС НУДИ МОДЕЛИ ЗА СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ
23.03.2011
Повеќе од две третини од вработените во МВР имаат потреба од решавање на станбениот статус. МПС понуди три можни начини за изградба на станбени комплекси...
ОБУКА НА АНТИМОБИНГ СОВЕТНИЦИ
18.03.2011Од 21 до 23 март во Скопје ќе се одржи обука на четири антимобинг советници од синдикатите и невладините организации. Обука е дел од проектот на ЕУ “Мрежа за здравје и заштита при работа“...
ДЕНЕС СЕ ОДРЖУВА ЧЕТВРТИОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ СИЕР
18.03.2011
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија денес во Охрид го одржува Четвртиот Конгрес. Предложени се нов Статут и Програма...

ССМ ДОБИ АСОЦИЈАТИВНО ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СИНДИКАТИТЕ
17.03.2011
Сојузот на синдикатите на Македонија доби придружно (асоцијативно) членство во Меѓународната конфедерација на синдикатите (ИТУЦ). Исто така се активира учеството во Мрежата на економски стручњаци на Синдикатите на Југоисточна Европа...
АКТИВНОСТИ НА СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО
Вклучување во Иницијативата за пензионирање, Синдикалната кошница, сертификација на шумите и ново зачленување се активностите на Синдикатот од шумарството, дрвната индустрија и енергетика од почетокот на годинава...
МИНИСТЕРОТ ИВО ИВАНОВСКИ ВО ССМ ЗА РЕФОРМИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА
14.03.2011
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денес го запозна Сојузот на синдикатите за опсежните реформи на државната и јавната администрација. На средбата е предложен меморандум за соработка...
ОБУКА НА ТРЕНЕРИ ЗА МОБИНГ
04.03.2011
Од 20 до 23 март во Скопје ќе се одржи обука на тренери за мобинг. Организатор е Синдикатот за финансиски дејности, додека предавачи се Снежана Васиљевиќ и Елвира Коиќ...
СТУДИСКА ПОСЕТА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ ВО ХОЛАНДИЈА
02.03.2011
Делегација на Економско – социјалниот совет на Македонија се наоѓа во студиска посета на Социјално – економскиот совет на Кралството Холандија...
РЕАКЦИЈА НА СИНДИКАТИТЕ ПО ОДНОС НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
25.02.2011
Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати бараат решавање на политичката криза во земјава. Пртседателите Живко Митревски и Раско Мишкоски предупредуваат дека политичката криза штетно влијае врз стабилноста на целото општество и дека најголемиот товар го плаќаат работниците...
ПРОМОВИРАНА СИНДИКАЛНАТА МИНИМАЛНА КОШНИЦА
24.02.2011
На денешната тркалезна маса е претставена Синдикалната минимална кошница, чија вредност за месец декември изнесува 29.199 денари. Учесниците на тркалезната маса изразија надеж дека синдикалната кошница ќе отвори пат за решавање на други потреби, како минималната плата, нови модели на помош...
Лист 36 од 60






















