НА 23 ЈАНУАРИ КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “АНТИ МОБИНГ МРЕЖА – МК“
20.01.2012
Во понеделник, 23 јануари, ќе се одржи Првата годишна конференција на Проектот “Анти мобинг мрежа – МК“. На конференцијата ќе се презентираат резултатите од анкетата која опфати 20 градови, како и од досегашното работење на Канцеларијата за мобинг...
ССМ ДО СОБРАНИЕТО ПОДНЕСЕ СВОИ КОНКРЕТНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕВРАБОТЕНОСТ
Денес раководството на ССМ поднесе свои предлози за Предлог Законот за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. ССМ бара помалку рестриктивен пристап и, согласно европските стандарди, повозрасните работници да имаат право на посебна заштита...
СИНДИКАТОТ ЗА ОДБРАНА НОВ КОНСТИТУТИВЕН ЧЛЕН НА ССМ
На денешната седница на
Советот на ССМ е усвоена
Предлог - одлуката на
Претседателството за
прием на Синдикатот за
одбрана и безбедност како
член на Сојузот на
синдикатите на
Македонија...
ОДРЖАНО ВТОРОТО СОБРАНИЕ НА СИНДИКАТОТ МЕСО
16.12.2011
Денес се одржа Второ Собрание на Мултиетничкиот синдикат за образование - МЕСО. За претседател во наредниот мандат е избрана Сузана Стефановиќ...
СЕМИНАР ЗА ПРИМЕНА НА НАЈНОВИТЕ ЗАКОНИ ОД ТРУДОВОТО ПРАВО
![]()
15.12.2011
Денес и утре во ССМ се одржува семинар за примената на најновите измени на неколку закони од трудовата регулатива. Семинарот се организира во соработка со Фондацијата “Фридрих Еберт“...
СИНДИКАТОТ ЗА СООБРАЌАЈ БАРА ЗАШТИТА НА ВОЗАЧИТЕ НА ЈСП “СКОПЈЕ“ ОД ФИЗИЧКИ НАПАДИ
За последните пет години настанал 1.021 инцидент во автобусите на ЈСП “Скопје“, со сторена штета од околу 550.000 евра, реагира Синдикатот за сообраќај. Приоритетно барање на синдикатот е заштита на повредените работници на ЈСП...
ЧЕТИРИГОДИШЕН ПРОЕКТ НА СОРАБОТКА МЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО И СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО
13.12.2011
Министерот за здравство Никола Тодоров и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита Љубиша Каранфиловски најавија четиригодишен проект на соработка. Заеднички ќе се оди на терен, додека една од целите е унапредување на статусот на здравствените работници...
ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТА НА СХНМ
Синдикатот за хемија, неметали и метали одржа семинар за влијанието на работните услови врз репродуктивното здравје на мажите и жените. Предавачи беа Сашо Столески и Драган Мијалкоски од Инстутитот за медицина на трудот...
ОДРЖАНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СИНДИКАТИТЕ ВО ЕВРОИНТЕГРАЦИЈАТА
2.12.2011
Синдикатите имаат голема улога во приклучувањето во Европската Унија, посебно во областа на имплементирањето на трудовото право, гласи заедничката констатација на учесниците на Конференцијата “Синдикатот и процесот на евроинтеграција на Република Македонија“...
УТРЕ КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА СИНДИКАТОТ ВО ЕУ ИНТЕГРАЦИЈАТА
“Синдикатот во процесот на евроинтеграција на Република Македонија“ е наслов на конференцијата што ќе се одржи утре во ССМ. На конференцијата ќе учествуваат претставници на институции од земјата и странство...
ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА РАБОТА
Денес во ССМ се одржа работилницата “Влијанието на работните услови врз физичкото и психичкото здравје на вработените“, како дел од Проектот “ECBOHS“...
СЕМИНАР ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ НА РАБОТА
25.11.2011
Во понеделник, на 28 ноември, ќе се одржи семинар на тема “Влијанието на работните услови врз физичкото и психичкото здравје на вработените“. Предавачи се експерти од странство...
СЕМИНАР ЗА РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ
24.11.2011
Денес Секцијата на жени при ССМ одржа семинар за родовата рамноправност во работните средини. Излагачи беа Емил Крстаноски од МОТ и Виолета Димовска од секцијата...
СИНДИКАТИТЕ ПРОТИВ ЗЛОУПОТРЕБИТЕ НА ТЕХНОЛОШКИОТ ВИШОК, НО И ЗА ИЗЗЕМАЊЕ НА ЛИЦАТА КОИ БЕЗ НИВНА ВИНА ОСТАНУВААТ БЕЗ РАБОТА
21.11.2011
ССМ и КСС на Економско – социјалниот совет безрезервно ги подржуваат мерките против масовните злоупотреби на институцијата технолошки вишок, но бараат да се изземат работниците кои без своја вина останале без работа, односно кои се вистински технолошки вишок...
РАЗГОВОРИ СО УСАИД ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
Денес претставници на УСАИД разговараа со претседателот на ССМ Живко Митревски околу формирање на нови локални економско – социјални совети во Република Македонија...
Лист 31 од 60






















