ССМ ЌЕ ПРИДОНЕСУВА ВО НАМАЛУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА
29.02.2012
Сојузот на синдикатите на Македонија ќе продолжи да учествува во мерките за намалување на последиците од економската криза, изјави денес претседателот Живко Митревски по повод Европскиот ден на акцијата...
29 ФЕВРУАРИ ЕВРОПСКИ ДЕН НА АКЦИЈА
29.02.2012
Денес Европската конфедерација на синдикати одржува Европски ден на акција. На европските лидери им се порачува во економските програми да посветат поголемо внимание на работниците. Македонските синдикати целосно се придружуваат на акцијата...
ОДРЖАНА ЗАВРШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ОРМ НА ПАТ КОН ЕУ“
20.02.2012
Денес се одржа завршната конференција “Социјалниот дијалог и улогата на организациите на работодавачи во ЕУ“ на проектот “Зајакнување на капацитетите на ОРМ на пат кон ЕУ“...
Сите дискутанти ја истакнаа исклучителната важност на социјалниот дијалог
НАСКОРО ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ОСНОВА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО - СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ
20.02.2012
Во Битола наскоро треба да се основа локален економско - социјален совет. Во советот ќе се разгледуваат економските и социјалните прашања на локално ниво...
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД НАЈАВИ КОНТРОЛИ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
Казна од 6.000 до 7.000 евра е предвидена за работодавачите кои нема да ја исплаќаат пропишаната минимална плата Трудовите инспектори стартуваа со конроли од 15 февруари...
ЕДИНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ
15.02.2012
ССМ предложи три иницијативи со кои бара дополнување на законите со кои се уредува учеството на репрезентативните синдикати во управните одбори, совети и центри, како и Иницијатива за промена на работното време...
СЛУЖБАТА НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ПРОДОЛЖЕНА ДО 45 - ГОДИШНА ВОЗРАСТ
12.02.2012
Министерството за одбрана и Синдикатот за одбраната и безбедноста денес постигнаа договор според кој старосната граница на службата на професионалните војници се поместува од 38 на 45 години...
РАЗГОВОРИ СО ФИНСКИОТ ЕКСПЕРТ АНТЕРО ВАХАПАСИ
8.02.2012
Експертот по безбедност и здравје при работа од Финска, Антеро Вахапаси, престојува во Македонија со цел да ги идентификува состојбите со безбедноста и здравје при работа. На денешната средба во ССМ се разговараше околу проектот ECBOHS ...
СРЕДБА СО ЗДРУЖЕНИЈАТА НА СТЕЧАЈЦИТЕ
8.02.2012
Здруженијата на стечајни работници нудат свој Предлог закон и настојуваат проблемот да биде решен по легален пат, низ институциите на системот...
ССМ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА
1.02.2012
На денешната средба на ССМ со Регулаторната комисија за енергетика е договорено ССМ да учествува во подготвителните седници на комисијата...
ПОЧЕТОК НА КАМПАЊАТА “ГРАДИ БЕЗБЕДНО“
26.01.2012
Под покровителство на Меѓународната организација на трудот трите социјални партнери учествуваат во кампањата за безбедност и здравје во градежништвото “Гради безбедно“...
ИЗВЕШТАЈ ОД МОТ ЗА ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО
Женева (МОТ вести) – Светот се соочува со „неодложен предизвик“ за создавање 600 милиони продуктивни работни места во текот на следната деценија со цел генерирање одржлив развој и одржување на социјалната кохезија, се вели во годишниот извештај на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за вработувањето во глобални рамки.
ИЗЛЕЗЕ НОВОТО ИЗДАНИЕ “ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС НА ЖЕНИТЕ И МЛАДИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
24.01.2012
“Права од работен однос на жените и младите во Република Македонија“ е уште еден наслов на соработката на ССМ и Фондацијата “Фридрих Еберт“ во издавачката дејност. Автори се Тодор Каламатиев, Живко Митревски и Александар Ристовски...
ССМ ЌЕ БАРА УЧЕСТВО НА СИНДИКАТИТЕ ВО РАБОТАТА НА РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА
23.01.2011
Поскапувањата на основните енергенси сериозно влијаат врз животниот стандард на граѓаните. Претседателот на ССМ Живко Митревски бара учество на синдикатите во работењето на Регулаторната комисија. Ќе се разговара за субвенционирање на трошоците за огрев на населението во Прилеп и Битола...
ОДРЖАНА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ “АНТИМОБИНГ МРЕЖА – МК“
23.01.2012
Анкетата покажа дека над 44 отсто од анкетираните работници се жртви на психичко злоставување на работните места. Една од приоритетните задачи на ССМ е донесување посебен закон за мобинг...
Лист 30 од 60






















