bilten
nacionalna programa za pristojna rabota
ИЗВЕШТАЈ ОД МОТ ЗА ГЛОБАЛНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО ВРАБОТУВАЊЕТО
Проекти и кампањи

ПРВИ МАЈ

plakata maj 2014

plakata maj 2013


plakata maj 2012


plakata maj 2011


plakata maj 2010

Прирачник за синдикати


ITUC
WIM

СРЕДБА СО СОЈУЗОТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Денешната средба во СЗПМ26.09.2012
Претседателот на ССМ Живко Митревски и претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите Драги Аргировски на денешната средба разговараа за заеднички Меморандум за соработка...

 

Денешната средба во СЗПМ

Повеќе...

ДЕНЕС СЕ ОДРЖА XIII СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ

Седницата на Економско – социјалниот совет24.09.2012
Економско – социјалниот совет денес расправаше за предложени измени на неколку закони, како и за иницијативите на ССМ за Општ Колективен договор за јавниот сектор, мерки против енергетската сиромаштија, законот за мобинг и за други прашања...

Седницата на Економско – социјалниот совет

Повеќе...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ЕКС БЕРНАРДЕТ СЕГОЛ

Бернардет Сегол и Живко Митревски на Петтата школа на ЕТУЦ - ПЕРК 24.09.2012
Во рамките на Петтата летна школа на ЕТУЦ-ПЕРК, посветена на социјалниот дијалог и работното законодавство, на 20 септември 2012 година, претседателот на ССМ Живко Митревски одржа работна средба со Генералниот Секретар на ЕКС Бернардет Сегол...

Бернардет Сегол и Живко Митревски на Петтата школа на ЕТУЦ - ПЕРК

Повеќе...

ПРОТЕСТ ВО ЗДРАВСТВОТО ЌЕ ИМА, ПРЕГОВОРИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

Денешната средба во Министерствотоза здравство23.09.2012
После утрешните протести продолжуваат преговорите меѓу Министерството за здравство и синдикатите, гласи договорот од денешната средба меѓу министерот Никола Тодоров, Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар и Синдикатот “Мајка Тереза“...

Денешната средба во Министерството за здравство

Повеќе...

С О О П Ш Т Е Н И Е

КОНФЕДЕРАЦИЈА НА СЛОБОДНИ
СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ
НА МАКЕДОНИЈА

С О О П Ш Т Е Н И Е

Денес на 17.09.2012 година, во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа заедничка средба меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Тема на разговор на средбата беше здружувањето на синдикалното членство во Република Македонија, чии иницијатори се Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

На средбата низ конструктивна расправа двете организации ја прифатија идејата за синдикално здружување на двете организации и се договорија за формирање на работни групи кои ќе работат на изготвувањето на потребните документи за здружување.

 

Скопје 17.09.2012 година

Повеќе...

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

14.09.2012
ССМ во последен период бележи повеќе повици од разни здруженија, политички структури и слично, како “Аман“, “Изгор проватизација“ и тн.

Во оваа смисла како слично како и по однос на повиците на „Аман“ би сакале да ве потсетиме на следното: ССМ е самостојна, независна, непартиска, недржавна организација, формирана од синдикатите здружени во ССМ, со своја сопствена Програма и Статут. Своите активности, методи и средства на делување ги градела и ќе ги гради исклучително самостојно, низ органите и телата, почитувајќи ги интересите на синдикалното членство, на здружените синдикати во ССМ, не навлегувајќи во политиките и активностите на разни здруженија, организации и невладини организации.

Од овие причини потполно неприфатливо го оценуваме наметнувањето на други стратегии и притисоци од одредени здруженија, полтиички структури и невладини организации, кои сакаат ССМ да го втурнат и да го инволвираат во разни сценарија.

НА 24 СЕПТЕМВРИ ПРОТЕСТ НА СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Раководството на Самостојниот синдикат за здравство денес: за нас црвена црта е намалувањето на платите14.09.2012
Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на 24 септември ќе одржи мирен протест, како израз на незадоволство за продолжувањето на Проектот “Плаќање по учинок“. За Синдикатот е неприфатлив секој проект со намалување на основната плата...

Раководството на Самостојниот синдикат за здравство денес: за нас црвена црта е намалувањето на платите

Повеќе...

ПЛАТФОРМА НА ССМ ЗА ПОСКАПУВАЊАТА НА ЕНЕРГЕНСИТЕ

31.08.2012
Мичо Стојановски, Тихомир Климоски, д-р Живко Митревски и Ристо Ајтов на денешната конференција за печатКорекција на ефтината тарифа на електричната енергија, преиспитување на работата на претседателот на Регулаторната комисија, субвенционирање на транспортните трошоци на претпријатијата и понатамошни мерки против енергетската сиромаштија се барањата на ССМ за тековните поскапувања...

Мичо Стојановски, Тихомир Климоски, д-р Живко Митревски и Ристо Ајтов на денешната конференција за печат

Повеќе...

ВО “11 ОКТОМВРИ ЕУРОКОМПОЗИТ“ - ПРИЛЕП СРЕДБА НА ССМ СО МЕНАЏЕРСКИОТ ТИМ

thumb_24.08.2012_prilep24.08.2012
На денешната средба на претседателот на ССМ Живко Митревски, претседателот на СИЕР Пеце Ристевски и синдикалната организација на претпријатието со Управниот одбор е нагласено дека Владата мора да биде вклучена во решавањето на состојбите...

Повеќе...

ОСНОВАН ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ТЕТОВО

Вчерашната средба во Општина Тетово24.08.2012
Во Тетово е формиран Локален Економско – социјален совет. Во Советот партиципираат локалната самоуправа, работодавачите и синдикатите...

Вчерашната средба во Општина Тетово

Повеќе...

РЕЗОЛУЦИЈА НА РСС “СОЛИДАРНОСТ“ ЗА МЛАДИТЕ

Младите синдикалци на состанокот во Белград23.08.2012
Регионалниот синдикален совет “Солидарност“ на состанокот што се одржа на 17 и 18 јули во Белград меѓу другите документи усвои  “Резолуција за унапредување на положбата на младите во синдикатите“...

 

Младите синдикалци на состанокот во Белград

Повеќе...

ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТА

ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНОСТА

22.08.2012
Денес во Министерството за труд и социјална политика се одржа Конститутивна седница на Комисијата за определување на репрезентативноста.

Комисијата е конституирана согласно измените на Законот за работни односи, според кои социјалните партнери паритетно учествуваат во составот на Комисијата.

На денешната седница присуствуваа министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и претседателот на ССМ Живко Митревски.

Членови на Комисијата од страна на ССМ се секретарот на ССМ Анѓелко Анѓелковски и претседателот на ССЕСМ Роберт Симоноски.
Во составот на Комисијата членуваат претставници од Владата, претставници на репрезентативните синдикати и репрезентативни здруженија на работодавачите и членови на Економско – социјалниот совет.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

21.08.2012
Сојузот на синдикатите на Македонија, согласно своите програмски определби, редовно ја следи социјално – економската состојба на работниците и животниот стандард.

Во оваа смисла ССМ од надлежните органи во континуитет бараше транспарентен пристап при донесување на одлуките во делот на поскапувањето на енергенсите, а посебно за електричната енергија.

Политиката на креирање на цени кои имаат директно влијание на економско – социјалните интереси на работниците се темелни вредности вклучени во спогодбата за формирање на Економско – социјалниот совет.

Од овие причини ССМ побара со свои обраќања уште на 7 август 2012 година, во интерес на социјалниот дијалог и на заштитата на стандардот на работниците, пред донесувањето на одлуките на Регулаторната комисија истите претходно да бидат разгледувани на седниците на Економско – социјалниот совет.

Ваквиот став беше проследен до Владата на Република Македонија, Регулаторната комисија за енергетика и Економско – социјалниот совет на Република Македонија.

СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ТОДОРОВ ОКОЛУ ПРОЕКТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПО УЧИНОК

15.08.201215.08.2012
Денес во ССМ се одржа состанок на министерот за здравство Никола Тодоров со Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Лекарската комора, Синдикатот на Клиничкиот центар...

Повеќе...

ПРОДОЛЖЕНИ И УСОГЛАСЕНИ КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ТЕКСТИЛНАТА, КОЖАРСКАТА И ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

Костадин Барзов, Ангел Димитров, Анѓелко Анѓелковски и Димитар Поповски (во првиот ред)18.07.2012
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија со Здружението за текстилна индустрија и Здружението за кожарска и чевларска индустрија при Организацијата на работодавачи потпишаа спогодби за продолжување и усогласување на колективните договори за овие дејности...

Костадин Барзов, Ангел Димитров, Анѓелко Анѓелковски и Димитар Поповски (во првиот ред)

Повеќе...

Лист 25 од 60