СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛНИОТ СИНДИКАЛЕН СОВЕТ “СОЛИДАРНОСТ“
17.04.2013
Во Сараево се одржа состанок на Регионалниот синдикален совет “Солидарност“. Договорено е одржување Регионална конференција на теми “Сопирање на кршењето на правата на работниците“ и “Влијанието на мултинационалните компании врз синдикалните права и организирање“...
Состанокот на “Солидарност“ во Сараево
ОЛЕСНУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРИТЕ ЗА ПРЕКУВРЕМЕНА И НОЌНА РАБОТА И МОЖНОСТ ЗА КОНТРОЛА
11.04.2013
Од денеска пријавите за прекувремена, ноќна и работа на државни празници работодавачите ќе можат да ги доставуваат до Државниот инспекторат за труд и по електронски пат на адресата
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
. Синдикатите задоволни за олеснувањето на процедурата и транспарентноста на постапката…
Сите три социјални партнери задоволни од новата постапка
СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА НА КРАЛСТВОТО БЕЛГИЈА АНИК ВАН КАЛСТЕР
5.04.2013
Денес во посета на Сојузот на синдикатите на Македонија беше нејзината екселенција амбасадорката на Кралството Белгија Аник Ван Калстер. Разговарано е за можностите за соработка со белгиските и европските синдикати...
Ван Калстер изјави дека ќе се испитаат сите можности за меѓусиндикална соработка
ПРОДОЛЖЕНИ КОЛЕКТИВНИТЕ ДОГОВОРИ ЗА ТЕКСТИЛ, КОЖА И ЧЕВЛИ
5.04.2013
Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија и двете здруженија при Организацијата на работодавачи денес потпишаа спогодби за продолжување на Колективниот договор за текстил и на Колективниот договор за кожа и чевли...
Денешното потпишување на спогодбите во ССМ
РАБОТИЛНИЦА НА “PRO – GE“, СГИП, СИЕР И АГРО СИНДИКАТ
5.04.2013
Денес се одржа заедничка Работилница за зачленување на австискиот синдикат “PRO - GE“, СГИП, СИЕР и АГРО Синдикатот. Предавач беше Џени Формби од британскиот синдикат “Union“…
Харалд Видехофер, Маре Анчева, Џени Формби, Герхард Рајс, Мато Лалиќ и Јаким Милутиновиќ (од лево кон десно)
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА
3.04.2013
Република Македонија е регионален лидер во организираноста на општествената одговорност, но постојат уште многу предизвици, заклучено е на денешната Конференција, со која почнува двегодишен проект...
Претседателот д-р Живко Митревски: во општествено одговорните претпријатија мора да постои синдикална организираност и социјален дијалог
СПОГОДБА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛЕН СОВЕТ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
29.03.2013
Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ денес ги информираа медиумите за спогодбата за формирање Локален економско – социјален совет на општина “Центар“...
Од формирањето на советот најголем бенифит ќе имат младите луѓе
ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈАТА “ШТО ПОСТИГНАВМЕ – ПРОГРАМСКИ ПОТВРДИ“
![]()
28.03.2013
Денес е промовирана новата публикација на ССМ, во која се изнесени најзначајните постигнувања од 2010 година до денес...
ССМ настојува да придонесе за евроинтеграцијата на Република Македонија
ЗАЕДНИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ ДАВААТ РЕЗУЛТАТ
22.03.2013
Благодарение на заедничката соработка на Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика со ЈП “Македонски шуми“ моделот на трансформација обезбедува реална перспектива на оваа стопанска гранка...
Д-р Живко Митревски: Најбитно е што заеднички не дозволивме отпуштања на работници
ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО ТЕКСТИЛНАТА, КОЖАРСКАТА И ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА
16.03.2013
Од наредниот месец работниците во трите гранки ќе добиваат зголемување за 596 денари нето, односно 1.471 денар бруто. Задржувањето на минималната плата е добар договор, затоа што во други земји минималецот ја следи економската криза...
Живко Митревски: Зачувавме еден од столбовите кои се приоритети за синдикатите
КОНФЕРЕНЦИЈА НА СЕКЦИЈАТА НА ЖЕНИ ПО ПОВОД ОСМИ МАРТ
8.03.2013
Секцијата на жени при ССМ одржа конференција на тема “Стоп за дискриминацијата на жените – правата на жените и еднакви можности на мажите и жените во Република Македонија“...
Елизабета Гелевска, претседател на Секцијата на жени при ССМ
ПОДОБРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО ЗАКОНОДАВСТВО, НОВИ КОНВЕНЦИИ НА МОТ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

28.02.2013
Остварување на агендата на ССМ за подобрување на работното законодавство преку прифаќање на меѓународните стандарди, ратификување три конвенции на МОТ и усогласување на висината на минималната плата се три целини во унапредувањето на правата на работниците, изави на денешниот прес претседателот Живко Митревски...
СИМПОЗИУМ ЗА СПОРЕДБА НА ТРУДОВОТО ЗАКОНОДАВСТВО НА ФРАНЦИЈА И МАКЕДОНИЈА
21.02.2013
Трудовото право засега милиони луѓе и затоа е потребно постојано да се надградува, гласи една од пораките на денешниот Меѓународен симпозиум за споредба на легислативата од оваа област во Франција и Македонија...
Денешната средба – од законите од трудовата област зависат животите на милиони луѓе
СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД 20 ФЕВРУАРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА СОЦИЈАЛНА ПРАВДА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ
“Ако сакаме да го создадеме светот подобар, да ги зголемиме напорите за постигнување поголемо вклучување, рамноправен и одржлив развој изграден врз дијалог, транспарентност и социјална правда.“
Порака на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун за Светскиот Ден на социјална правда 2013 година
Сојузот на синдикатите на Македонија во целост ги поддржува начелата и барањата на ООН по повод Светскиот ден за социјална правда. Во тој правец, наведуваме дека принципите врз кои се заснова социјалната правда се еднаквост, почитување на различностите, солидарност и меѓусебна одговорност. Во основа значи дека сите луѓе имаат право да живеат достоинствено од својот труд.
Светот е соочен од последиците на економската криза која на глобално ниво доведе до пораст на невработеноста и сиромаштијата. Во Република Македонија се чувствуваат последиците од кризата, меѓутоа сметаме дека со заеднички напори на социјалните партнери, како и на другите релевантни субјекти во општеството, можеме да ги ублажиме и надминуваме негативните последици од кризата врз стандардот на работниците и граѓаните.
Во трите изминати години ССМ се залагаше да ги оствари целите за намалување на сиромаштијата, пораст на вработеноста, преземање мерки за родовата еднаквост и соодветно вклучување на младите, жените и дугите ранливи групи на пазарот на трудот, забрана на дискриминацијата по разни основи, генерално да ги отстранува последиците од светската економска, финансиска и должничка криза.
Во нашите општи цели за постигнување социјална праведност и натаму ќе продолжиме посветено и одговорно да се залагаме за почитување и унапредување на правата од работен однос преку законската регулатива согласно меѓународните трудови стандарди, да јакне социјалниот дијалог, колективното преговарање и договарање, примената и зголемувањето на минималната плата, намалување на бројот на невработените, сузбивање на сиромаштијата, обезбедување на материјално-социјална заштита и сигурност на работниците и граѓаните на Република Македонија.
Сојуз на синдикатите на Македонија
СОСТАНОК СО ВРАБОТЕНИТЕ СО “СЛАВИЈА“
19.02.2012
Најпрво да се осознае комплетната состојба во “Славија“ за да се одредат понатамошните чекори, беше договорено на вчерашната средба на раководството на ССМ со претставниците на “Славија“...
Еден од протестите пред управната зграда
Лист 21 од 60






















