ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
18.10.2013
Во Загреб се одржа 4. Регионална тркалезна маса за социјалниот дијалог во Југоисточна Европа. Република Македонија е посочена како пример на успешно развиен процес на водење на социјалниот дијалог...
На собирот претседателот д-р Живко Митревски хронолошки го прикажа развивањето на социјалниот дијалог после 2010 година и активностите на ССМ
РАБОТИЛНИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ВО ПРЕТПРИЈАТИЈАТА
17.10.2013
Вклучувањето на работниците во одлучувањето значи легитимност и транспарентност во компаниите, како и обезбедување стабилни односи, е порачано на денешната работилница што се одржа во ССМ...
На работилницата се разгледуваа европските искуства и легислативата
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА
17.10.2013
Денес во хотелот “Холидеј Ин“ во Скопје, во организација на Меѓународната организација на трудот и на Економско – социјалниот совет на Македонија, се одржа Конференцијата “Политиката за минималната плата во Македонија и нејзините првични признанија“...
Претседателот на СИЕР Пеце Ристевски (втор од лево) истакна дека минималната плата е исклучително важна категорија и треба да се следи во континуитет
УТРЕ СЕ ОДРЖУВА РАБОТИЛНИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ОДЛУЧУВАЊЕТО ВО КОМПАНИИТЕ
16.10.2013
“Вклучување на работниците за подобар и одржлив менаџмент во компаниите во Македонија“ е тема на работилницата што ќе се одржи на 17 октомври во ССМ. Организатори на работилницата, која се одржува рамките на Регионалниот проект “WIM“, се Сојузот на синдикатите на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија и Здружението на работодавачи на Словенија “ZDS“...
ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ ПОСЕТИ НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ
14.10.2013
Во рамките на редовните работни посети раководството на ССМ на 10 октомври беше во Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Штип. Посетени се повеќе претпријатија од приватниот сектор, при што беше направена анализа за почитувањето на Законот за минимална плата...
Во разговор со генералниот директор Костадин Барзов и со работниците - претседателот Митревски порача дека претпријатијата од регионот треба да го следат позитивниот пример на “Баргала“
ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ 11 ОКТОМВРИ

По повод 11 Октомври, Денот на народното востание на Република Македонија, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски упати честитки до
г. Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија,
г. Трајко Вељановски, Претседател на Собранието на Република Македонија,
г. Никола Груевски, Претседател на Владата на Република Македонија и
г. Тодор Атанасовски, Претседател на Сојузот на борците на НОАВМ 1941 – 1945 на Република Македонија
ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ЗА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР И ЗА ОПШТИОТ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО
09.10.2013

Денес во Министерството за труд и социјална политика се одржа состанок на Работната група за Општиот колективен договор за јавен сектор. На разговорите се разгледуваат отворените прашања кои треба да се усогласат од страна на социјалните партнери.
Вчера, на 8 октомври, во Сојузот на синдикатите на Македонија работните групи продолжија со разговорите околу усогласувањата на измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.
ВО ССМ ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
07.10.2013
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одбележува 7 Октомври, Светскиот ден за пристојна работа. Истакнато е дека социјалните партнери со заедничките цели ќе се борат за остварување на темелните концепти на пристојната работа...
Координаторот на МОТ за Македонија Емил Крстаноски, министерот Диме Спасов, претседателот д-р Живко Митревски и специјалистот на МОТ Овидиу Јурка го честитаа Светскиот ден за пристојна работа
ПРИФАТЕНИ ПОВЕЌЕ БАРАЊА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
05.10.2013
ССМ и УПОЗ се задоволни од прифаќањето на барањата за дополнувањата на Законот за инспекциски надзор. Министерот Иво Ивановски исто така ја истакна корисноста од соработката со Синдикатот...
Живко Митревски: Социјалните партнери продолжуваат заеднички и превентивно да го градат работното законодавство
КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСНО ИНЖЕНЕРСТВО ПРИ РАБОТА И ПОЖАР
05.10.2013
На 4 и 5 октомври во Битола, во организација на Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин“, се одржува Прва меѓународна научно – стручна конференција 2013 “Безбедносно инженерство при работа и пожар“. На собирот се обрати претседателот на ССМ д-р Живко Митревски...
НА 7 ОКТОМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА
04.10.2013
Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за пристојна работа во ССМ ќе се одржи семинар на тема “Концептот за пристојна работа и надзорните механизми на МОТ“. Дента секциите на жени на ССМ, КСС и УНАСМ исто така ќе одржат конференција на тема “Заедно против дискриминацијата на жената“...
СРЕДБА НА ССМ СО СВЕТСКАТА БАНКА
02.10.2013
Креирање на квалитетни работни места е една од примарните цели на Сојузот на синдикатите на Македонија и оттаму во наредните години се очекува блиска соработка со мисијата на Светската банка...
Анѓелко Анѓелковски (средина), правникот Лиле Петрова и раководителот Слободан Трендафилов (лево) со тимот на Светската банка
УСПЕШНО ПРОДОЛЖУВА КАМПАЊАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ
30.09.2013
Денес во Гостивар е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет. Истакнато е дека советот ќе биде посебно насочен кон поврзувањето на пазарот на трудот и младите невработени луѓе...
Претставниците на социјалните партнери денес во Гостивар – ЛЕСС значи нова перспектива во социјалниот дијалог на локално ниво
РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТРЕВСКИ ВО ОХРИД
30.09.2013
Во охридскиот регион се разговараше со членовите и работниците од повеќе претпријатие од приватниот и јавниот сектор...
Претседателот д-р Живко Митревски во разговор со работниците на терен во село Долно Лакочереј
ОДРЖАНА СЕДУМНАЕСЕТТАТА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА СИНДИКАТОТ ЗА ЗДРАВСТВО
30.09.2013
Од 27 до 29 септември се одржа Седумнаесеттата синдикална школа на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. На средбата е предадено Решението за репрезентативност...
Претседателот д-р Митревски и раководството на Синдикатот за здравство – признаената репрезентативност значи дефинирано социјалното партнерство
Лист 16 од 60






















