Сојузот на синдикатите на Македонија за прв пат присуствуваше на Извршниот комитет на Пан Европски Регионален Комитет (PERC) на Светската Конфедерација на синдикати (ITUC) во Брисел под наслов: „8-ми Извршен комитет на PERC
10.03.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, за прв пат откако постои Сојузот на синдикатите на Македонија по добивањето на статус на полноправен член на Светската Конфедерација на синдикати, на ден 10.03.2014 година во Брисел во зградата на Европски социјален и економски комитет (ЕКОСОК) присуствуваше на Извршниот комитет на PERC...
Претседателот Митревски на состанокот на 8-миот извршен комитет на PERC
Ќе ја продолжиме традицијата на континуирана борба за остварување на правата на жените
08.03.2014
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија, Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, им го честита 8ми март – Меѓународниот ден на жената на сите мајки и жени во нашата држава, со желба и натаму безусловно да се залагаат за остварување на основните човекови права – правото секој, без исклучок, да живее од својот труд и да ја обезбедува и унапредува својата материјално- социјална положба, да работи во безбедни и здрави услови за работа.
ИЗВЕШТАЈ ЗА АКТИВНОСТИТЕ НА ССМ ВО ПЕРИОДОТ ПОМЕЃУ ДВАТА СОСТАНОЦИ НА РСС „СОЛИДАРНОСТ“ (од април 2013 до февруари 2014)
07.03.2014
На 27 и 28.02.2014 година во Терме Тухељ, Тухељске Топлице беше одржан состанок на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“. На средбата присуствуваше Сојузот на синдикатите на Македонија како и синдикатите од земјите од регионот Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија. Во рамките на оваа средба предвидена беше е и посебна програма за млади синдикалци.
Сојузот на синдикатите на Македонија столб на правната заштита и на работничките права во Р. Македонија пред судовите и другите надлежни институции
25.02.2014
Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите статутарни определби обезбедува бесплатна правна заштита на работничките права за своето членство. Синдикалното членство во ССМ, најдирекно и најнепосредно обезбедува...
Прес конференција
ОДРЖАНА ДВАЕСЕТ И ПРВА СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО - СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ
24.02.2014
Денес во просториите на Министерството за труд и социјална политика беше одржана
21-та седница на Економско - социјалниот совет...
Седница на ЕСС
СООПШТЕНИЕ по однос на протестот на стечајните работници
18.02.2014
ОБЈАВА ЗА МЕДИУМИ
Сојузот на синдикатите на Македонија во рамките на своите програмски цели и определби во континуитет од постоењето на проблемот на стечајните работници настојувал истиот да биде решен на начин што ќе се обезбеди заштите на оваа категорија на работници.
Средба со раководството на Занаетчиската комора на Македонија
17.02.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски денес имаше работен состанок со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, г. Никола Петров, извршниот директор на Занаетчиската комора на Македонија, г-ѓа Снежана Денковска и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, г. Миле Бошков.
Работна средба помеѓу претставници на ССМ, БКМ и Занаетчиската Комора на Македонија
Работна средба на Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски во подружницата „БОР“ Кавадарци
13.02.2014
На состанокот кој се одржа на 13.2.2014 година во подружницата „БОР“ Кавадарци, ЈП Македонски Шуми присуствуваа д-р Живко МИтревски, Претседател на ССМ и Претседател на синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика на РМ, Ѓорѓи Портарски...
Претседателот Митревски на работната средба во подружницата „БОР“ Кавадарци
Демант на д-р Живко Митревски, претседател на ССМ
Мега лага на прес конференција на Мила Царовска- претседателка на Совет за социјална политика во СДСМ
12.02.2014
Сојузот на синдикатите на Македонија е непријатно изненаден од прес конференцијата на претседателката на Советот за социјална политика која со ваквиот настап врши директен атак врз борбата на синдикатите да учествуваат и да вршат контрола врз сите средства кои што работниците ги одвојуваат во фондовите посебно во Фондот за здравство, Фондот за ПИО , Агенцијата за вработување и сл. Зачудува фактот што ова се прави од страна на партија со социјал- демократски определби која по правило треба да ги поздрави сите активности – работничките организации да бидат присутни при распределбата на средствата.
ОДРЖАНА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА ЛЕСС НА ГРАД СКОПЈЕ
10.02.2014
На ден 10.02.2014 година во просториите на локалната самоуправа на град Скопје, се одржа конститутивна седница на ЛЕСС на град Скопје...
Конститутивна седница на ЛЕСС на град Скопје
Одржана Прес конференција во Владата на РМ во врска со постигнатиот договор за зголемување на минималната плата
28.01.2014
Денес во Владата на РМ се одржа прес конференција на која учествуваа Заменик на Претседателот на Владата и Министер за финансии, Зоран Ставревски, Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, Претседателот на ССЕСМ, Роберт Симоноски, Претседателот на синдикатот на здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, В.Д. Претседателката на КСС, Виолетка Спасевска, Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров и претставник од Бизинис Конфедерацијата на Македонија...
Прес конференција на социјалните партнери за постигнатиот договор за зголемување на минималната плата
ДЕНЕС СЕ ОДРЖА XX-тата СЕДНИЦА НА ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИОТ СОВЕТ
27.01.2014
Денес се одржа XX- тата седница на Економско – социјалниот совет, на која се расправаше за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата од 2000 до 2004 година...
Седницата на Економско – социјалниот совет
Зградата на ССМ ќе стане тренинг центар со сместувачки капацитети
Одржана прес конференција на двата репрезентативни синдикати ССМ и КСС со Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов
21.01.2014
Денес во Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа прес конференција на која присуствуваа Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и В.Д. Претседателката на КСС, Виолетка Спасевска. На прес конференцијата исто така присуствуваа и Претседателот на Македонскиот полициски синдикат...
Претседателот Митревски на денешната прес конференција
Одржан голем синдикален собир на репрезентативните синдикати ССМ и КСС
20.01.2014
На синдикалниот собир кој се одржа на 20 јануари 2014 (понеделник) во Домот на АРМ во Скопје, во присуство на членовите на здружените синдикати во ССМ и КСС, свое обраќање имаше Претседателот на Владата на РМ, г. Никола Груевски кој ги презентираше Предлог мерките на Владата на РМ, меѓу кои и зголемувањето на минималната плата во стопанството и зголемување на платата на вработените во администрацијата за пет отсто. Покрај Претседателот на Владата на РМ, присуствуваа и министрите од Владата...
Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на денешниот синдикален собир.
Лист 13 од 60






















