РАБОТНИ СРЕДБИ ВО КИЧЕВО НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ
26.05.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, на 26.5.2014 година имаше работна посета во Синдикалната канцеларија на ССМ во Кичево. Беше одржана и посебна средба во ЈП Македонски шуми...
Слика 1. Претседателот Митревски на средбата со вработените од Подружницата на ЈП Македонски шуми „Лопушник“
СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ФОНДАЦИЈАТА ФРИДРИХ ЕБЕРТ- ФЕС
26.05.2014
На 26 мај 2014 година во Сојузот на синдикатите на Македонија, претседателот д-р Живко Митревски, одржа работен состанок со претставници на Фондацијата „Фридрих Еберт“ - ФЕС во Р. Македонија, Стине Клапер, директор на Канцеларијата на ФЕС во Македонија и Милан Живковиќ, проект координатор...
Слика 1: Претседателот д-р Митревски на денешниот состанок
ССМ - АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ 2014
23-25.05.2014
Од 23 до 25 мај во Охрид се одржа семинар на тема: „Младинско синдикално лидерство“, што е прва сесија на Проектот „Академија за млади синдикални лидери 2014". Проектот се одржува со помош на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и е наменет за обука на младите синдикалци од: ССМ, КСС, УНАСМ и ССНМ...
Слика 1. Учесници на „Академијата за млади синдикални лидери 2014“
Трет светски конгрес на ИТУЦ
17-24.05.2014
Во периодот од 17 до 24 мај 2014 година се одржа Третиот светски конгрес на Меѓународната конфедерација на синдикати– ИТУЦ на кои за првпат Сојузот на синдикатите на Македонија имаше свои претставници...
Слика 1. Шаран Буроу, генерален секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати – ИТУЦ на Kонгресот
До
Сојузот на самостојни синдикати на Србија
Сојузот на самостојни синдикати на Босна
и Херцеговина
Почитувани,
Во името на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и во мое лично име дозволете ми во овие тешки моменти да ја истакнам поддршката која што ја имате од Сојузот на синдикатите на Македонија и гранските синдикати здружени во ССМ за полесно справување со поплавите и последиците од нив. Со големо внимание ги следиме вестите за состојбите предизвикани од големите поплави кои ги погодија Вашите земји.
Во духот на солидарноста, блискоста и заедништво кое ги поврзува нашите синдикати, би сакал да Ве известам дека можете целосно да сметате на помош од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија на начин кој Вие цените дека би бил погоден.
Со желба и надеж за нормализирање на состојбата и надминување на последиците.
Искрено Ваш,
д-р Живко Митревски
Претседател на ССМ
ШКОЛА ЗА ЖЕНИ СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ
16-18.05.2014
Првиот семинар од Школата за жени синдикални лидери 2014 година се одржа од 16 до 18 мај 2014 година во Охрид. Семинарот беше поддржан од Фондацијата „Фридрих Еберт“, Канцеларија во Македонија...
Слика 1. Учесничките на Школата за жени синдикални лидери 2014 година
ОДРЖАН IX ВОНРЕДЕН КОНГРЕС НA СУТКОЗ
09.05.2014
Денес во просториите на зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија, се одржа IX вонреден Конгрес на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Р. Македонија.
Слика 1: Претседателот Митревски на денешниот вонреден конгрес
СОСТАНОК СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА МИСИЈАТА НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА
06.05.2014
На 6 Мај 2014 година во Сојузот на синдикатите на Македонија претседателот д-р Живко Митревски, одржа работен состанок со претставници на мисијата на ОБСЕ во Р. Македонија...
Слика 1: Претседателот Митревски на денешниот состанок
ОДБЕЛЕЖАН 6 МАЈ- ДЕНОТ НА МЕТАЛУРЗИТЕ
06.05.2014
На 6 Мај во Кавадарци, беше одбележан Денот на металурзите. Домаќин и организатор на прославата беше претседателот на синдикалната организација при „Фени Индустри“ од синдикатот на СИЕР и член на Советот на ССМ, Илија Хаџи- Николов. Покрај останатите...
Слика 1: Претседателот Митревски со раководството на синдикатот на СИЕР
ОДРЖАНА ТРИБИНА ВО ШТИП – СИНДИКАТИТЕ И НИВНАТА УЛОГА КАКО ЗАШТИТНИК НА РАБОТНИЧНИТЕ ПРАВА
05.05.2014
На 5 Април 2014 година во просториите на Правниот факултет- Штип се одржа трибина на тема: „Синдикатите и нивната улога како заштитник на работничките права“ во организација на Центарот за Правно- политички истражувања при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип.
Слика 1: Претседателот Митревски на трибината
ОДБЕЛЕЖАН ПРВИ МАЈ, МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ
01.05.2014
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска организираше собир по повод Први Мај, Меѓународниот ден на трудот на кој ја промовираше на кампањата: „ЗА СИГУРНИ И БЕЗБЕДНИ РАБОТНИ МЕСТА“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 10.00 часот. На собирот се претставија 18 грански синдикати здружени во ССМ со свој синдикален и едукативен материјал. Придонес кон одбележувањето на овој празник и поддршка на кампањата даде и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР).
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 50 ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА БИТОЛСКИ ВЕСНИК
29.04.2014
По повод одбележувањето на 50 годишнината од постоењето на Битолски весник, Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Република Македонија присуствуваа на организираната прослава...
Слика: Претседателот Митревски со Менде Младеновски, директор и одговорен уредник на Битолски Весник
РАБОТНА СРЕДБА СО СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА СРБИЈА- СССС
28.04.2014
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседателите од неколку грански синдикати на ССМ, остварија работна средба со претседателот на Сојузот на синдикатите на Србија, Љубисав Орбовиќ и неговиот шеф на кабинет и протокол Светлана Манчиќ...
Слика: Претседателот Митревски со претставниците од СССС
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БЗР И НАЈАВА ЗА АКТИВНОСТИТЕ ЗА 1-ВИ МАЈ
28.04.2014
Во организација на Меѓународната организација на трудот, Канцеларија Скопје и Македонското здружение за заштита при работа, ILO/CIS Координативен центар, во хотелот „Холидеј ин” во Скопје се одбележа 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа...
Слика: Претседателот Митревски на денешната прес конференција
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 28 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
28.04.2014
Во организација на Меѓународната организација на трудот, Канцеларија Скопје и Македонското здружение за заштита при работа, ILO/CIS Координативен центар, во хотелот „Холидеј ин” во Скопје се одбележа 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа...
Слика: Обраќање на претседателот на ССМ
Лист 11 од 60






















