WIM: "ВКЛУЧУВАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ПОДОБРО И ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО СЛОВЕНИЈА, МАКЕДОНИЈА, ЦРНА ГОРА И СРБИЈА

Печати

WIM-logo20.12.2012–19.12.2013

Врз основа на резултатот на проектот и неговите активности за подигнување на свеста, социјалните партнери ќе бидат поинтензивно вклучени во националните дебати за модернизација на законот за вклучување на работниците. Проектот ќе придонесе за подобро прилагодување на законодавството од областа на вклучување на работниците и ќе има многукратен ефект врз владите и сите социјални партнери на национално ниво, вклучувајќи ги и другите синдикати.

Организациите на работодавачите и синдикатите што се вклучени во проектот, како и нивните членки, ќе ја зајакнат својата стручност и познавањата од оваа област. Подобрено знаење ќе им помогне на компаниите да се справува со вработените кои се вклучени во процесите на донесување одлуки и на тој начин ќе овозможи позитивен менаџмент на промените во регионот. Како резултат на проектот, очекуваме подобар и посилен бипартитен социјален дијалог и социјален дијалог на ниво на претпријатие, кој што е се уште недоволно развиен во вклучените земји-кандидати.

Активности

Партнери

Организации на работодавачи:

Синдикати:

Со поддршка на организацијата на европскиот социјален партнер:

 

eu flagПроектот "WIM: Вклучување на работниците за подобро и одржливо управување на претпријатијата во Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија" е кофинансиран од Европската Комисија.

 

ПРВ СОСТАНОК ВО ЉУБЉАНА

Во рамките на проектот WIM ("Вклучување на работниците за подобро и одржливо управување на претпријатијата"), партнерите од организациите на работодавачите и синдикатите од Словенија, Македонија, Црна Гора и Србија и Австрија се сретнаа на првиот состанок, на 5 февруари 2013 год. во Љубљана.

 

АГЕНДА ЗА РАБОТИЛНИЦАТА 17.10.2013

ИЗВЕШТАЈ ОД КОМПАРАТИВНАТА АНКЕТА