Секција на жени при ССМ

Печати

На 8 и 9 јуни во Охрид е одржана Третата конференција на Секцијата на жени при Сојузот на синдикатите на Македонија.

За претседател во наредниот мандат е избрана Елизабета Гелевска, која ја извршува функцијата секретар на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СТКЧ). Претседател во претходниот мандат беше Гордица Бошковска, правен застапник во Регионалното синдикално претставништво на ССМ во Куманово.

На конференцијата е усвоен Извештај за работењето во периодот 2006 – 2011 година, усвоени се Правила за организирање на работата на Секцијата на жени и утврден е составот на Извршниот одбор.

Секцијата на жени е основана на 29 ноември 2000 година, со одлука на Советот на ССМ. Членови на Секцијата на жени се членовите на синдикатите од женскиот пол.

Насоките на дејствување на Секцијата на жени се: афирмирање на жената во општеството, борба против половата дискриминација, рамноправно учество на жените во општествените, политичките, економските процеси и влијание врз сите други состојби што се однесуваат на положбата на жените.

Според Програмата примарни цели на Секцијата на жени се:

Учеснички на конференцијата беа Виолета Димовска и Верица Божиновска од АГРО Синдикат, Оливера Петева и Воскресија Боева од СУТКОЗ, Елена Камберска и Светлана Димовска од СГИП, Јорданка Николовска од Синдикатот за здравство, фармација и социјална заштита, Елизабета Гелевска од СТКЧ, Радојка Хелман Денковска од СИЕР, Невенка Бачева Адемулева од СРСВМ, Татјана Алексовска Сапунџиевска и Марија Петрова од УПОЗ, Виолета Зајкова и Славица Настова од Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика, Невена Петковска и Капка Божиновска од МЕСО, Гордица Бошковска од ССМ и Јасмина Велкова од СФДМ.

Конференцијата се одржа истите денови кога и семинарот “Родовата еднаквост во Република Македонија“. На средбата претседателот на ССМ Живко Митревски, објаснувајќи ја концепцијата на ССМ во однос на организирањето на женската секција, меѓу другото истакна дека:

 

13.06.2011_gelevska_foto

Претседател на Секцијата на жени е Елизабета Гелевска