Синдикат на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија

Печати

ул. 12 Ударна бригада 2А
1000 Скопје
Р. Македонија

Тел. ++ 389 2 3165-301
E – mail:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  | Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 

shde_pretsedatel_zivko_mitrevski

Претседател: доктор Живко Митревски

Секретар и референт за општи социјални работи: Стефан Блажевски

СТАТУТ
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА 2012 – 2017
РЕЗОЛУЦИЈА
ИЗВЕШТАЈ ОД ВТОРИОТ КОНГРЕС
 
СОЛИДАРЕН ФОНД
Правилник на Солидарниот фонд
Образец 1 - Барање за користење средства
Образец 2 - Барање за бескаматен кредит
Образец 3 - Договор за кредит

КОИ СМЕ И ШТО ПРЕТСТАВУВАМЕ

 

КОИ СМЕ И ШТО ПРЕТСТАВУВАМЕ
НИЕ СМЕ ТВОЈ СИНДИКАТ!

Синдикатот за шумарство дрва индустрија и енергетика  на РМ, врз основа на целосна трансформација, во 1990 година со нова програмска ориентација, со организационо преструктуирање и метод на работа се профилира како интересна, автономна и независна работничка организација во однос на државата и политичките партии.

Во согласност со синдикалните определби, традиции и конвенциите и декларациите на меѓународните организации овој Синдикат се определи за остварување на социјалните и економските права на работниците, за слобода и демократија и социјална правда, за почитување на човековото достоинство, за хуманизам и солидарност, за мир, за општество во кое на сите ќе им се обезбедат услови за живот, достојни на човекот.

 

СТАНИ НАШ ЧЛЕН - ПРИДРУЖИ НИ СЕ!

Работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика, во овој синдикат доброволно се зачленуваат, врз оснвоа на нивна изјава дека сакаат да станат членови на овој Синдикат. Во 1990 година членството во Синдикатот беше 11.000, значи 90% од вработените во  беа членови на Синдикатот. Меѓутоа со преструктуирањето на стопанството, со големиот број технолошки вишок, бројот на работниците се намали на 8.800, така што во 1996 година бројот на членовите на Синдикат се намали на 7.600, а во 2.000 година на 6.000 членови. Треба да се истакне дека многу фирми од дрвната индустрија се наоѓаат во стечај и членството на овие работници е ставено во мирување, односно доколку фирмите проработат тие ќе бидат наши членови. Синдикатот има својство на правно лице, членарината е основен извор на приходи и финансирање на дејноста на Синдикатот. Таа е 1% од нето платата на работниците.

Синдикатот  е член на Сојузот на синдикатите на Македонија. Тој има свој Статут и Програма, а негови тела се Конгрес, Претседателство и Надзорен одбор. Конгресот се одржува на секои пет години. Последниот се одржа на 15 јуни 2005 година, на кое се избраа нови членови на органите и телата на овој Синдикат, а се направија избори и во основните синдикални организации во претпријатијата.

 

СЕ БОРИМЕ И ЗАЛАГАМЕ ЗА:

  1. Колективно преговарање и колективни договори
  2. Економска  материјална сигурност на членството
  3. Подобрување на условите за работа, живеење, животна средина и здравјето на работниците
  4. Заштита при работа и правата стекнати врз основа на работа
  5. Остварување на заштитата на синдикалните права и слободи
  6. Давање правна заштита преку застапување на членовите
  7. Остварување на синдикалното образование
  8. Остварување на заеднички интереси на сите членови

Во 1994 година е потпишан колективниот договор за работниците во шумарството и дрвната индустрија во РМ, а во 1997 година со трансформирањето на шумарството во ЈП Македонски шуми е потпишан и колективен договор на ниво на претпријатие за работниците од шумарството.

На 6.02.2006 година потпишан е Колективниот договор за работниците во јавното претпријатие за стопанисување со шуми - Македонски шуми ПО Скопје. Утврдена е најниска плата од 6.500 денари.

Потпишани се и 7 колективни договори на друштвата со ограничена одговорност - пиланите.

Членство во Светски и Европски синдикални организации

Синдикатот за шумарство и дрвната индустрија во 1996 година стана членка на Светската федерација за градежништво, шумарство и дрвна индустрија ИФБЊЊ,  со која беа реализирани и неколку семинари по теми во интерес на нашето членство. Во наредниот период се планирани и повеќе активности се со цел и нашиот Синдикат да даде придонес во големото семејство на синдикатите во светот.

Синдикатот за шумарство , дрвна  индустрија и енергетика на Република Македонија во септември 2005 година стана членка на Европската федерација за шумарство и дрвна индустрија ЕФБЊЊ со статус на посматрач.

Синдикално образование и оспособување

Во изминатиот четиригодишен период во Синдикатот  , се вложуваа големи напори за оспособување, образование и информирање на членовите на Синдикатот и синдикалните повереници, односно претседателите на ОСО. Оспособувањето и понатаму треба да се унапредува за да може овој Синдикат да одговори на барањата на новите предизвици, меѓу кои спаѓа и трансформацијата на шумарството.

Во изминатиов четиригодишен период се одржаа бројни семинари, предавања, трибини, информативни состаноци за оспособување на членството.

Семинарите се водеа преку Центарот за едукација, каде што се вклучени два проекти на Швајцарската влада и на Американскиот centar за солидарност, неколку семинари преку Фондацијата Фридрих Еберт и посебно преку проектот на Шведскиот Синдикат за шумарство и дрвна индустрија кој , како и поголем број семинари финансирани од Светската федерација за градежништво, шумарство и дрвна индустрија BWI.

Преку проектот за едукација од страна на Шведскиот Синдикат за шумарство беа обработени следните теми: Историјата на Синдикатот на Шведска и задачите на синдикалните организации, Работничките права, законите, колективните договори и преговарањата, Регрутирањето на нови членови, Европската унија и меѓународните прашања, структурата на синдикалните организации, одчленувањето и зачленувањето во Синдикатот и социјалната политика и политиката на Синдикатот . На овие семинари беа давани и работни задачи, односно учесниците на семинарите имаа задача она тема што е обработена на одреден семинар, потоа да ја одржат во својата средина и да извлечат што од она што се работи во Шведскииот синдикат може да се примени и во работењето на нашиот Синдикат.

Преку другите проекти беа опфатени и конкретни теми и оспособување на членството за остварување на одредени права, разработен е Законот за работни односи, колективните договори, Законот за штрајк, градење кампањи за одредена активност, комуникациски мрежи, лидерството, Законот за ПИОМ, Декларацијата на МОТ и конвенциите, акционерството, технолошкиот вишок и многу други теми кои беа во интерес за нашето членство.

Семинарите се држеа најчесто во претпријатијата или на регионално ниво и нашето членство покажаа голем интерес за семинарите и се оспособија да ги остварат своите права и да бидат успешни синдикалци.

Меѓутоа со едукацијата мора да се продолжи и во наредниот период посебно со едуцирање на млади синдикалци, жени кои беа помалку присутни на семинарите во изминатиот период.

На дел од семинарите што беа организирани преку Американскиот центар за солидарност, учесниците добија и сертификати дека се обучени за обука на своето членство.

И во наредниот петогодишен период Синдикатот ќе посвети посебно внимание на едукацијата на своето членство со посебен нагласок на обичниот член се со цел работниците да знаат и да ги остваруваат своите права.

Поаѓајки од:

 

Р Е З О Л У Ц И Ј А
За заштита при работа

Свеста за работа се менува со брзина која тешко се следи. Мораме да се соочиме со проблемите на заштита при работа во сите сегменти и да се залагаме за намалување на повредите на работните места. Синдикатот за шумарство и дрвна индустрија тешко ги прифаќа информациите за повредите на работните места.  Имајки предвид дека со Законот за работни односи и со Законот за заштита при работа се утврдени обврските на работодавците за заштита на работниците на работните места.

За таа цел Синдикатот бара од работодавците:

Од државата бараме:

Затоа Синдикатот на работниците за шумарство и дрвна индустрија на РМ ќе ги преземе следните активности:

 

ШУМАРСТВОТО ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО БРУТО ПЛАТАТА

Синдикатот за шумарство, дрвна индустрија и енергетика и ЈП “Македонски шуми“ потпишаа анекс на Колективниот договор за бруто платата. Ни еден од 2.500 вработени во јавното претпријатие нема да зема пониска плата

Вработените во Јавното претпријатие “Македонски шуми“ се меѓу првите во државата за кои проблемот со бруто платата е решен. Ни еден од 2.500 вработени нема да прима пониска плата од декемвриската, туку воглавно ќе има зголемувања.

Анексот за бруто платите на Колективниот договор на 11 февруари го потпишаа Живко Митревски, претседател на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија, Владимир Бахчовановски, генерален директор на ЈП “Македонски шуми“ и Горан Анастасовски, претседател на Управниот одбор на “ЈП “Македонски шуми“.

Владимир Бахчовановски истакна дека воведувањето на бруто платата ќе придонесе за зголемена финансиска дисциплина во стопанството. Постои обострано задоволство од новиот начин на пресметка, како од страна на раководството, така и од страна на вработените. Навреме поднесовме пријава до Управата за јавни приходи и со платата нема да има никакви проблеми, рече Бахчовановски.

Веруваме дека регулирањето на бруто – платата во “Македонски шуми“ ќе внесе свеж импулс во државата околу вкупните проблеми со новиот систем на пресметување, додаде Митревски. Инаку во бруто платите на јавното претпријатие се внесени и двете покачувања од по 10 отсто пред 2008 година, додаде Митревски.

Хранарината во анексот е утврдена на 3.800 денари, додека патарината на 1.700, со варијабилно пресметување, во зависност од местото на живеење. На прашањето на новинарите за висината на надоместоците Митревски објасни дека основа на јануарската плата е платата земена во декември. Следствено на тоа хранарината и превозот се превземени во овие износи.

Мотив за денешното потпишување на анексот на Колективниот договор се изборите, за чие времетраење не можат да се потпишуваат колективни договори. Инаку важноста на Колективниот договор истекува на 6 февруари, но сметаме дека веднаш после изборите ќе потпишеме нов колективен договор, изјавија двете страни.