ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СОВЕТОТ НА ССМ

Печати

Потпретседателите на Советот на ССМ ги избира Советот.

Бројот, составот и домените на активностите на  потпретседателите се утврдува од страна на Претседателството на предлог на претседателот на ССМ.

Потпретседателите на Советот на ССМ во рамките на своите надлежности може да ги координираат и организираат активностите од нивниот домен на работа согласно одлуката донесена од страна на Советот на ССМ.

Потпретседателите на Советот на ССМ се избираат од редот на претседателите на синдикатите.

Потпретседател задолжен за приватниот сектор е Павел Трендафилов, претседател на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија (СГИП).

За потпретседател за јавниот сектор е поставен Тихомир Климовски. Климовски е претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Роберт Симоноски, претседател на Самостојниот синдикат на работниците од електростопанството на Македонија, е потпретседател за организациски развој.

Живко Даневски, претседател на Синдикатот на работниците од агроиндустрискиот комплекс на РМ (АГРО Синдикат) е потпретседател за колективно преговарање и договарање и економски прашања.