Надзорен одбор

Печати

Членови на Надзорниот одбор  на ССМ и заменици на членовите

  1. Кире Илов - Синдикат на работниците од агроиндустрискиот комплекс на Република Македонија (АГРО - Синдикат);
  2. Предраг Рашовиќ - Синдикат на работниците од угостителство, туризам, комунално стопанство, занаетчиство и претпријатија за професионално оспособување и вработување на инвалиди на Република Македонија  (СУТКОЗ);
  3. Љупка Јовановска - Синдикат за градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП);
  4. Елизабета Величковска - Синдикат на поштенските и телекомуникациските  работници на Македонија (СПТРМ);
  5. Ирфан Исаку - Синдикат на работниците  од шумарство,  дрвна индустрија и енергетика на РМ;

 

Заменици на членовите на Надзорниот одбор на ССМ:

  1. Зоран Симоновски - Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална  заштита на РМ;
  2. Зоран Алексов - Мултиетнички синдикат за образование на РМ (МЕСО)
  3. Лилјана Богоевска-Василевска - Синдикат на хемија и неметали на Република Македонија (СХНМ);
  4. Лидија Анчевска - Синдикат на графичка, информативна, филмска, издавачка дејност и производство на хартија на Република Македонија (ГИФИХ);
  5. Душко Петровски - Синдикат на финансиските дејности на Македонија (СФДМ).

 

Надзорниот одбор врши надзор и контрола во остварувањето на политиката на финансирањето на ССМ, распределбата и употребата на материјално-финансиските средства со кои располага ССМ.

Надзорниот одбор се состои од 5 члена и 5 заменици кои ги избираат   синдикатите согласно Одлуката на Советот на ССМ за бројот и составот на Надзорниот одбор, а Конгресот врши  верификација.

Врши контрола и ревизија на вкупното финансиско работење, примената на одлуките, правилникот, податоците на книговодствената евиденција за прибирање и користење на средства. За извршената ревизија се составува записник и истиот се доставува до органите на ССМ.

Надзорниот одбор има право и без претходно најавување да изврши контрола на финансиското работење.

Органите на ССМ се должни да овозможат увид во документацијата со која се докажува правилноста на целокупното материјално и финансиско работење.

Надзорниот одбор учествува во работата на Конгресот и поднесува извештај за својата работа.