Организација поставеност и структура

Печати

Сојузот на синдикатите на Македонија  е организација во која доброволно и врз демократска основа се здружуваат синдикатите. ССМ ги обединува и ги застапува заедничките општествени, економски, социјални и културни интереси на здружените синдикати.

Во ССМ се здружуваат следниве синдикати:

ССМ има Програма за работа.

ССМ е самостоен и независен од државните органи, работодавачите, политичките партии, верските заедници и другите организации.

ССМ се залага за изградба на социјална, правна и демократска држава, за социјална правда, солидарност, хуманост и социјален и економски развој на РМ.

Работниците доброволно се зачленуваат во синдикатите.

Синдикатите здружени во ССМ за остварување на своите цели и задачи формираат синдикална мрежа, што се регулира во нивните статути.

Синдикатите здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија се должни да го почитуваат Статутот на ССМ и да ги спроведуваат неговите одлуки.

Статутите и другите акти на синдикатите не можат да бидат во спротивност со овој  Статут.

ССМ, во остварување на своите цели и задачи ги користи сите средства и форми  на синдикална борба во рамките на Уставот и законите на Република Македонија, овој Статут и општоприфатените стандарди и норми на меѓународното право (конвенции и препораки), особено оние што се однесуваат на остварувањето на правата на работниците и нивното организирање во синдикати.

 

Името на организацијата е: Сојуз на синдикатите на Македонија.

Во меѓународната комуникација, Сојузот го користи називот: FEDERATION OF TRADE UNIONS OF MACEDONIA (SSM)

ССМ е правно лице.

Седиштето на ССМ е во Скопје, Булевар „Дванаесетта македонска бригада”, бр 2.

Симболи на ССМ се: знак, грб и знаме.

 

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ССМ

Основни цели и задачи на ССМ се:

Во општествено-политичката област:

Во економско-социјалната  област:

Во синдикалното организирање и дејствување: