ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Печати

18.10.2013 

18.10.2013 foto1На собирот претседателот д-р Живко Митревски хронолошки го прикажа развивањето на социјалниот дијалог после 2010 година и активностите на ССМ

Во Загреб на 18 октомври се одржа Четвртата Регионална тркалезна маса посветена на социјалниот дијалог во Југоисточна Европа.

На оваа конференција присуствуваа претставници на Владите, министрите за труд и социјална политика, синдикатите и работодавачите. На собирот беше анализиран социјалниот дијалог и измените во работното законодавство во земјите од Југоисточна Европа.

На овие теми и актуелни состојби свои обраќања имаа министерот за труд и социјална политика на Македонија Диме Спасов, претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија Миле Бошков и претседателот на ССМ д-р Живко Митревски.
На оваа тркалезна маса беа констатирани различни примери по овие прашања, кои во поголема мерка се движат кон намалување на степенот на социјалниот дијалог и флексибилизацијата на работниот однос и време.

За разлика од се почестите практики Република Македонија беше посочена како пример на успешно развиен процес на водење на социјалниот дијалог, посебно после 2010 година и како земја во која се бележат и позитивни примери во делот на унапредување на работното законодавство.

Од страна на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски беше хронолошки прикажан овој процес, со активностите кои се реализирани од Сојузот на синдикатите на Македонија.