ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ 11 ОКТОМВРИ

Печати

ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД  ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

По повод 11 Октомври, Денот на народното востание на Република Македонија, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски упати честитки до
г. Ѓорѓе Иванов, Претседател на Република Македонија,
г. Трајко Вељановски, Претседател на Собранието на Република Македонија,
г. Никола Груевски, Претседател на Владата на Република Македонија и
г. Тодор Атанасовски, Претседател на Сојузот на борците на НОАВМ 1941 – 1945 на Република Македонија

 
Честитката гласи:

Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија и од мое лично име примете честитки по повод 11 Октомври, Денот на народното востание на Република Македонија.

За Сојузот на синдикатите на Македонија, за работниците – нашето членство ова е значаен ден од македонската историја кој се слави како борба за национална слобода и за остварување на вековните заложби, граѓаните - работниците во Република Македонија да творат и достоинствено да живеат од својот труд.

Придобивките од македонската револуционерна борба не обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата држава како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин ќе има еднакви можности да креира пристоен и примерен живот за себе и за своето семејство. Економско-социјалните права и интереси на трудот се темелни човекови права кои се загарантирани со највисоките правни прописи на Република Македонија, кои се темелат врз меѓународното трудово право.

Единаесетти Октомври е симбол, гордост и традиција на македонскиот народ во остварувањето на подобра сегашност за денешните и подобра иднина за наредните генерации во Република Македонија.

Со почит,

Сојуз на синдикатите на Македонија
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Д-р Живко Митревски