УСПЕШНО ПРОДОЛЖУВА КАМПАЊАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ

Печати

thumb 30.09.2013 foto730.09.2013
Денес во Гостивар е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет. Истакнато е дека советот ќе биде посебно насочен кон поврзувањето на пазарот на трудот и младите невработени луѓе...

Претставниците на социјалните партнери денес во Гостивар – ЛЕСС значи нова перспектива во социјалниот дијалог на локално ниво

30.09.2013 

30.09.2013 foto7Претставниците на социјалните партнери денес во Гостивар – ЛЕСС значи нова перспектива во социјалниот дијалог на локално ниво

Денес во Гостивар е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет.
Формирањето локални економско – социјални совети се одвива во рамките на Кампањата на ССМ за формирање на локални економско-социјални совети и во рамките на Програмата на USAID – LESS за поттикнување на вработувањето на младите.

Спогодбата ја потпишаа Локалната самоуправа, ССМ, КСС и ОРМ. Од страна на локалната самоуправа Спогодбата за потпиша градоначалникот на Гостивар г. Невзад Бејта, а од страна на ССМ претседателот д-р Живко Митревски.

Во своите обраќања градоначалникот Бејта и претседателот Митревски, како и претставникот на УСАИД г. Мајкл Скивејтер, го потенцираа значењето на формирањето на ЛЕСС за локалната заедница и придобивките од спроведувањето на функциите на ЛЕСС. Се оцени дека придобивки ќе имаат граѓаните и работниците од општина Гостивар, а особено невработените млади луѓе, кои преку поврзувањето и потикнувањето на нивните вештини со тековните потреби на пазарот на трудот ќе можат побрзо да се вработат.

Во рамки на ЛЕСС социјалните партнери преку овој институционален механизам ќе ги поттикнат сите прашања од локален карактер: локалната економија, потребите на пазарот на трудот, развој на бизнис климата, усогласување на потребите на образованието итн.

Исто така беше истакнато дека формирањето на ЛЕСС дава перспектива за внесување на нови елементи во креирањето на социјалниот дијалог на локално ниво, слично како што беше направено и на национално ниво.

Како што е познато, ССМ во текот на оваа година спроведува Кампања за формирање на локални економско – социјални совети. Кампањата беше промовирана на 1 мај 2013 година, додека на почетокот на месец јуни беше одржана Конференцијата “Локалниот социјален дијалог во Македонија – предизвици и потреби“. Локални совети се основани во Куманово, Кавадарци, Струмица, Штип и Тетово. После почетокот на овогодишната кампања е основан Локален економско – социјален совет во Битола, додека на 1 септември е постигнат Договор за формирање ЛЕСС во општина Ресен.