РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МИТРЕВСКИ ВО ОХРИД

Печати

30.09.2013 

30.09.2013 foto 1Претседателот д-р Живко Митревски до разговор со работниците на терен во село Долно Лакочереј

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, заедно со секретарот на Регионалното синдикално претставништво во Охрид Драган Цветаноски, на 28 септември остварија повеќе средби со претставници на синдикалните организации од приватниот и јавниот сектор.

На прес конференцијата Митревски зборуваше за анализата за спроведување на Законот за минимална плата, организирањето на членството во претпријатијата каде нема сидникални организации и за други актуелни состојби. Посебно за задржа за подготовките за формирање локален економско – социјален совет во Охрид.

30.09.2013 foto1Почнувајќи од базата и силна организираност на целата синдикална инфраструктура синдикалците можат  многу да постигнат

Во рамките на посетата беше реализирана средба во јавното претпријатие “Нискоградба“, при што од страна на претседателот на Синдикалната организација Бошко Шаргоски и директорот Никола Икономоски беа презентирани актуелните состојби, напредокот во исплатата на заостанатите плати и здравствени картони.

При оваа посета претседателот Митревски ги посети вработените на терен, на локацијата каде се поставуваат инсталациони мрежи кај месноста “Радоица Новицки“ во селото Долно Лакочереј. Од страна на вработените беше изразено задоволство од посетата и интересот за решавање на состојбите.

30.09.2013 foto 3Во изјавата за медиумите е објаснета анализата за спроведувањето на Законот за минимална плата