НАСКОРО СЕ ОДРЖУВА ПРОЕКТ НА ССМ, ОРМ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ ЗА ОБУКА НА ЛИЦА ЗА МОБИНГ

Печати

17.07.2013 plakata

Здружението на правниците на Република Македонија, Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи организираат "Обука на лица задолжени за примена на Законот за заштита од вознемирувањето на работното место".

Обуката ќе се одржи на трети септември 2013 година во просториите на ССМ.

На собирот воведен збор ќе поднесе претседателот на Здружението на правниците д-р Тито Беличанец.

Ангел Димитров, претседател на ОРМ, ќе настапи со тема "Обука на работодавачите заради исполнување на обврската предвидена со член 38 од Законот за заштита од вознемирување на работното место". Д-р Живко Митревски, претседател на ССМ, ќе предава на тема "Едукација на работодавачите заради заштита на правата на вработените".

М-р Маја Ристова, член на Проектниот тим на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг на ССМ, ќе зборува на темата " Идентификување на вознемирувањето на работното место и определување на критериуми за избор на посредници и уредување со интерен акт на постапката за посредување".

Стојан Трајанов, дипломиран правник, ќе зборува на тема" Модел – акти за подобро спроведување на Законот за заштита од вознемирување на работното место".

Теофил Томановиќ, судија во пензија, ќе настапи со темата "Модел – акти и други документи за уредување на постапката пред работодавачи и постапката пред суд заради заштита од вознемирување на работното место". Предвидено е на собирот на настапи и претставник од "Македонски Телеком", кој ќе зборува за "Искуство од практиката на Македонски Телеком АД Скопје за досегашни и идни чекори преземени за операционализација на обврските пропишани со Законот за заштита од вознемирување на работното место".