ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ССМ ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 2013 ГОДИНА

Печати

20.08.2013

20.08.2013 foto1Претседателството на ССМ на денешната конференција за печат

Сојузот на синдикатите на Македонија е лидер во остварувањето и обезбедувањето бесплатна правна заштита на работниците. Правната заштита е област каде најдиректно се чувствуваат бенефитите од членувањето во Сојузот на синдикатите.

Ова меѓу другото го истакна претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, на денешната конференција за печат, на која присуствуваа и претседателите на синдикатите здружени во ССМ. На конференцијата беа презентирани податоците за правната заштита пружена од страна на ССМ во првата половина на 2013 година.

Во продолжение го објавуваме излагањето на претседателот Митревски во целост.
Сојузот на синдикатите на Македонија согласно своите статутарни определби обезбедува бесплатна правна заштита на работничките права за своето членство. Синдикалното членство во ССМ, најдиректно и најнепосредно обезбедува заштита на своите права од работен однос, пред се преку активностите на Одделението за работни односи, правна заштита и колективно договарање при ССМ и соодветните синдикати каде работниците членуваат.

Активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните преставници во 10 Регионални синдикални преставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип ) како и во Синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница ,Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод , Гостивар, Кичево, Струмица , Пробиштип , Радовиш) Во периодот јануари-јуни 2013 година во Сојузот на синдикатите на Македонија се евидентирани 2293 обраќања , по разни правни основи , за заштита на правата од работен однос на работниците.

Во насока на превентивно решавање на проблемите преземени се следните дејствија:

За случаите каде не е постигната согласност за договорно решавање на проблемите водени се судски постапки, па така:

Како и досега најголем број обраќања се по основ на:

ССМ обезбедува бесплатна правна заштита за своето членство и при тоа работниците немаат никакви финансиски трошоци и издатоци.
Грубо пресметано со преземените правни дејствија, ССМ остварил заштеда за работниците од над 7.500.000,00 денари.

Во насока на подобрување и унапредување на бесплатна правна заштита на работничките права ССМ во наредниот период ќе се залага за:

Остварување на поконкретна соработка и заеднички активности со Државниот инспекторат за труд, Народниот правобранител и други релевантни институции во државата.