СРЕДБА НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МЛАДИТЕ

Печати

12.08.2013

По повод Меѓународниот ден на младите, 12 Август, Извршниот одбор на Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија одржа работен состанок.

На овој состанок се разговараше за прашања кои се од особено значење за положбата на младите луѓе во различни сегменти од општествениот и економскиот живот, постојано едуцирање, нивно јакнење, поголемо влијание и учество во промените кои значат социјална инклузија и интеграција на општеството.

За таа цел секцијата на млади при ССМ својата активност ќе ја насочи во правец на намалување и елиминирање на препреките кои го кочат остварувањето на правата на младите при вработувањето и од работен однос, како дел од вкупните човекови права, со што ќе се влијае врз свеста, моралната цврстина и чувство на самодоверба на младите, нивната важност и вредност во вкупниот општествен живот.