РАБОТНА СРЕДБА НА ССМ ВО АД ТЕТЕКС ТЕТОВО

Печати

6.08.2013

06.08.2013 foto1Разговори и за предлог мерките за справување со последиците од светската кризаПретседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, со Секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски, истовремено и Претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларката индустрија на РМ, во присуство на Претседателот на синдикалната организација на АД Тетекс Тетово, Љупчо Радевски и Потпретседателот за организациски развој на ССМ и воедно Претседател на ССЕСМ, Роберт Симоноски, одржаа работна средба со Генералниот Директор на АД Тетекс Тетово, Глигорие Гоговски.

На работната средба и посета беше разговарано за состојбите во текстилната индустрија во РМ, за активностите на ССМ и предлог мерките за справување со светската економска, финансиска и должничка криза, како и за активностите и преговорите за Колективниот Договор зо приватниот сектор од областа на стопанството.

Од страна на Претседателот на ССМ беа презентирани конкретните активности што ги преземаше ССМ на повеќе полиња, особено околу подобрување на законската регулатива околу активностите што беа преземени од страна на ССМ за поттикнување на процесот на колективното преговарање и договарање и за развојот на социјалниот дијалог.

Од страна на Генералниот Директор г. Гоговски, беше презентирана актуелната состојба на АД Тетекс Тетово, превземените чекори околу максимално обезбедување на производството, активностите околу реализација на производствените планови, спроведувањето на Колективниот Договор во претпријатието и заедничките активности со матичниот синдикат.

На крајот од средбата беше констатирано дека заедничките активности и соработката меѓу социјалните партнери, како на државно, така и на ниво на претпријатие, се еден од клучните фактори во обезбедување на нормална производна атмосфера и создавање за услови за натамошен развој. Заеднички беше констатирана долгогодишната соработка меѓу менаџментот и синдикатот во претпријатието и вклученоста на синдикатот во спроведување на Колективниот договор, во процесот на наградувањето, БЗР и сл.