СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ ВО НАТО МАРТИН ТРЕНЕВСКИ

Печати

30.07.2013

30.07.2013 foto1

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски денес имаше работен состанок со неговата екселенција Амбасадорот на Република Македонија во НАТО во Брисел, г. Мартин Треневски.

На официјалната средба беше разговарано за Евро и НАТО интеграциските процеси на Република Македонија, со посебно нагласување на значењето и приклучувањето на РМ во НАТО и придобивките за РМ и за граѓаните на РМ од ваквиот процес.

Од страна на Претседателот на ССМ беше образложена позицијата на ССМ во поглед на Евро и НАТО интеграциите, со потенцирање на континуираната поддршка што ССМ ја дава во поглед на приклучувањето на РМ во Евро и НАТО интеграциите.

Од клучен интерес за граѓаните и работниците во РМ е обезбедување на што е можно побрз пристап кон овие процеси, со оглед на бенефитите што истите би ги донеле, посебно на економски и политичко - безбедносен план.

На средбата исто така беа договорени и други дополнителни активности кои би оделе во прилог на запознавање на членството и на синдикатите од потребата за приклучување кон НАТО и ЕУ.