ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТУДИЈА ЗА МЛАДИТЕ И ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Печати

1.07.2013

Признание од МОТ: од 28 земји Република Македонија прва ја коплетираше истата студијаПризнание од МОТ: од 28 земји Република Македонија прва ја коплетираше истата студијаСо оваа студија се добиваат податоци и основи за градење политики за полесно вклопување на младите на пазарот на трудот, беше кажано на денешното претставување на студијата "Премин на младите жени и мажи на пазарот на трудот во Република Македонија", што денес во хотелот "Арка" го организираше Меѓународната организација на трудот.

Како што информираше координаторот на МОТ Емил Крстаноски Студијата ја изработија Меѓународната организација на трудот, Државниот завод за статистика и други овдешни институции.

Целите се: прибирање детални информации за состојбата на младите на пазарот на трудот и квантификување на релативната леснотија или тежина за влез на пазарот на трудот; утврдување на критичните прашања на предизвиците на вработувањето на младите и разбирање на "блокадите"; обезбедување показатели за следење и евалуација на политиките на вработување на младите; утврдување на областите за развој или ревизија на политиките, како и таргети за развој на програмите и подобрување на капацитетите на националните статистички институции.

Лидерите на синдикатите на денешната средбаЛидерите на синдикатите на денешната средба

На средбата министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ја истакна подготвеноста на Република Македонија да стори се за да се намали невработеноста на младите. Владата и Министерството за труд спроведуваат активни политики за вработување, но добра е секоја дополнителна информација. Стапката на невработеност е намалена на околу 30 отсто, што е под психолошката граница, но има уште многу простор за да се олесни пристапот на младите луѓе до работни места, истакна министерот Спасов.

Истата студија се спроведува во 28 земји, во 20 работата е завршена, додека Македонија е прва од сите каде студијата е комплетирана, рече Сара Елдер, главен технички советник на Меѓународната организација на трудот. Тоа покажува дека овдешните институции располагаат со големи капацитети, но секако има уште простор за нивно доусовршување.

Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика, информираше дека младите од 15 до 29 години претставуваат 23 отсто од популацијата и 28 отсто од работоспосбносто население. Од таа причина младиот дел од популацијата, која е иднина на целото општество, треба да биде во центарот на интересот на сите државни институции. Инаку истражувањето покажа дека само 21 отсто од младите после школувањето се вработуваат евднаш, додека 51 отсто чекаат две години.

На средбата беше извршена и презентација на Годишниот глобален извештај на МОТ за состојбите со вработувањето на младите.