СГИП И ССМ ИМ ГО ЧЕСТИТААТ 20 ЈУНИ, ДЕНОТ НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТНИЦИ, НА СИТЕ РАБОТНИЦИ ОД ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР

Печати

По повод 20-ти Јуни, Денот на градежните работници, се одржува свечена седница на Советот на СГИП. Исто така традиционално се одржа и средба со пензионерите, поранешните активисти на СГИП, кои дале голем придонес во развојот на синдикалното движење во изминатите години во нашата Република.

Во знак на почит кон овие синдикални активисти и првиот штрајк на градежните работници во Република Македонија, во 1936 година, се положи свежо цвеќе пред спомен одбележјето кај Градската болница во Скопје.

Ова е поттик, но воедно и гордост, за сите наши работници и членови на синдикатот.