ВО ВЕЛЕС ТРИБИНА ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО – СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ

Печати

14.06.2013

Претседателот д-р Живко Митревски истакна дека сите учесници на советот ќе формираат акциони планови за вработувањеПретседателот д-р Живко Митревски истакна дека сите учесници на советот ќе формираат акциони планови за вработувањеПреку формирање на локален економско – социјален совет во Велес ќе се дејствува на намалување на невработеноста, беше кажано на вчерашната трибина “Локални економско – социјални совети – потреба, искуства и предизвици“, што се одржа во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија, со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“.

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна: “Ќе се фокусираме на оформувањето на формалното и неформалното образование, на преквалификации и доквалификации на работници кои останале без работа. Преку координирана акција на сите чинители на советот ќе се формираат акциони планови за вработување.

На трибината учествуваа претставници на сите социјални партнериНа трибината учествуваа претставници на сите социјални партнери

На трибината е кажано дека локалниот економско – социјален совет не може директно да ги решава проблемите на работниците, но затоа може да го поттикне решавањето на одредени проблеми со свои ставови, мислења и сугестии до локалната власт.

- Во краен случај локалниот совет ќе може да ги превенира тие проблеми преку донесување правилни проекти и правилни инвестиции за целосен развој на општината – рече Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.

Локалниот совет што треба да се формира во Велес ќе биде исто така составен од претставници на локалната самоуправа, синдикатот, работодавачите, како и на Агенцијата за вработување, образованието, невладините организации и граѓански здруженија.

Посебно е потенцирано дека за нормално функционирање на советот и за опсежна помош на работниците во сите претпријатија треба да биде присутен синдикатот. Сите учесници ќе се фокусираат на решавањето на проблемите на локално ниво, ќе прават анализи на потребите на пазарот на трудот и на работодавачите, но истовремено ќе ја следат состојбата и на невработените.

Досега локални економско – социјални совети се формирани во шест градови во Македонија: Куманово, Кавадарци, Струмица, Тетово, Штип и Битола. Познато е дека ССМ на Први мај ја промовираше Кампањата за формирање локални економско – социјални совети, која е насочена кон основање локални економско – социјални совети во повеќе градови во државата.