УСПЕШНО ЗАВРШУВАЊЕ НА КАМПАЊАТА НА ССМ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МОБИНГ

Печати

10.06.2013

Д-р Живко Митревски на денешниот прес – ова е трет стратешки закон што се носи по иницијатива на ССМД-р Живко Митревски на денешниот прес – ова е трет стратешки закон што се носи по иницијатива на ССМДенес е прв ден од примената на Законот за мобинг, чие донесување е од исклучително значење за уредувањето на односите во работните средини. Донесувањето на законот е од историско значење, затоа што ќе придонесе за создавање здрава работна средина и релаксирани односи.. 

Ова го изјави претседателот на ССМ д-р Живко Митревски на денешната конференција за печат, која се одржа по повод донесувањето на Законот за мобинг и почетокот на неговата примена..

Им се заблагодаруваме на сите субјекти кои придонеса проектот со законот да биде успешно завршен. Тоа се гранските синдикати, секциите на жени, Канцелаеријата за помош и едукација на шртвите од мобинг при ССМ, голем број невладини организации и граѓански здруженија, посебно работните групи во Министерствотѕо за труд и социјална политика, а од пратениците би ја истакнал пратеничката Лилјана Поповска, која од почеток беше присутна во сите иницијативи.

Значењето на законот се согледува и според показателите за предизвиканите штети. Имено, месечно во Република Македонија се трошат 800.000 евра за лекување на здравствените последици од мобинг, што значи дека годишно штетите изнесуваат околу 10 милиони евра.

Анкетата што ја спроведовме со Синдикатот на финансиските дејности покажа дека 42 отсто од испитаниците се изјасниле дека се жртви на психички вознемирувања на работното место. Задоволни сме што постојат сериозни санкции, од пет до шест илјади евра казни за вршење мобинг и до четири илјади за одговорното лице. Работодавачите се должни во рок од три месеци да ги известат работниците за законот, додека е внесена и категоријата надомест на штета.
Донесувањето на законот е верификација на социјалниот дијалог во Македонија. Измеѓу останатото и верификација на кампањата на ССМ од минатата година. Ова е трет стратешки законо што се носи по иницијатива на ССМ.

10.06.2013.foto2Артемис Периќ од Проектниот тим на Канцеларијата за помош и едукација на жртвите од мобинг при ССМГи охрабруваме работниците да се заштитуваат и да ги остваруваат своите права врз основа на овој закон, порача Митревски. Слободно нека се обраќаат до правните застапници на ССМ, до гранските синдикати и Канцеларијата за помош. Апелираме и до работодавачите да ги почитуваат работничките права и да придонесат во создавањето релаксирани индустриски односи. Ќе сториме се законот да не остане на хартија, туку вистински да заживее и во тој правец ССМ ќе спроведува дополнителна едукација на членовите за мобингот.

На прашањата на новинарите за областите каде мобингот е најзастапен одговорено е дека најмногу лица се пожалиле од тектилната индустрија, здравството и администрацијата. Во однос на типот на притисоците околу 60 отсто се однесува на остварување на работниот однос, додека најзастапено е психичкото вознемирување, пред физичкото и половото вознемирување.

Еден од трите стратешки закони е донесен по иницијатива  на ССМ...