ОДРЖАНА ПРВАТА ЛЕТНА ШКОЛА НА СЕКЦИЈАТА НА МЛАДИ НА СГИП

Печати

30.5.2013

30.05.2013 foto1 doleОд 24 до 26 мај 2013 година во Маврово, Република Македонија, се одржа Првата летна школа на Секцијата млади на СГИП. Преку 40 млади учесници, вработени во секторот градежништво имаа прилика да слушнат за активностите на Синдикатот и неговата улога.

На семинарот присуствуваа учесници на малдинските секции на синдикатиет од регионот: членови на Секцијата млади при Самосстојниот синдикат Путеви Србија, Синдикатот за градежништво и индустрија за градежни материјали на Црна Гора, Синдикатот за градежништво, шумска индустрија и јавни услуги на Албанија и Независниот синдикат за градежни работници Албанија.

На Првата летна школа беше промовирана брошурата изготвена од страна на Секцијата со мото "Млади сме, градиме иднина!"

Учесниците на семинарот имаа прилика да слушнат за Законот за работни односи и колективните договори, улогата на СГИП во надминување на проблемите на младите преку Секцијата на млади, зачленување нови членови и за синдикалното лидерство. Од страна на предавачите беа спроведени и вежби на кои учесниците ги истакнуваа своите проблеми од работен однос и даваа идеи како да се надминат истите преку заедничка работа. Гостите од регионот исто така истакнаа дека младите во нивните земји имаат исти проблеми. Посебен акцент се стави на несигурната работа на младите, договорите на определено време, неисплаќање на прекувремената работа и стапката на невработеност кај младата популација. Бидејќи овие проблеми се заеднички за сите млади од нашиот регион Првата летна школа беше идеална за размена на искуства и правење стратегија за заедничко делување на младите од регионот и пошироко.

Заедничката порака гласи: „Праќаме силна порака како Секција млади на СГИП до Летниот камп во Мајерхофен, Германија и до другите синдикати во Европа и светот дека Синдикатот е солидарна организација која заеднички треба да делува и меѓусебно да соработува како на својата територија така и со останатите синдикати. Нашата идеја е ова да продолжи и да се истакнуваат активностите на младите и на Конгресот на BWI преку резолуцијата на млади. Оваа идеја за одржување на Летната школа произлезе од активностите на младите минатата година преку остварените кампањи за Задржување на младите умови во државата, Стоп за работата на црно како и подигање на свеста на младите преку нашето неформално образование да внимаваат какви Договори за работа потпишуваат бидејќи со исти или слични проблеми се сретнуваат младите во целиот свет. Се надеваме дека со поддршка на BWI ќе продолжиме со активностите на Секцијата на млади на СГИП и ќе успееме како млади членови на Синдикатот да допринесеме подобро утре за сите останати работници."