СРЕДБА СО СИНДИКАТОТ ТУРК МЕТАЛ

Печати

 

28.05.2013
Двете страни констатираа дека имаат многу заеднички погледи за блиска соработкаДвете страни констатираа дека имаат многу заеднички погледи за блиска соработка

Синдикатот од Турција “Турк метал“ и Сојузот на синдикатите на Македонија имаат идентични ставови за меѓусебната соработка на многу полиња, гласи заедничкиот заклучок на денешната средба во ССМ меѓу раководствата на двете синдикални организации.

На средбата од страна на ССМ присуствуваа претседателот д-р Живко Митревски, секретарот на Советот на ССМ Анѓелко Анѓелковски и претседателот на СУТКОЗ Зоран Георгиевски, додека од “Турк метал“ беа претседателот на огранокот во Баликешир Недим Веске, секретарот на огранокот во Кирикале Чихан Јаха, синдикалниот претставник во Бурса Месут Ердем и Деврим Думан од Меѓународното одделение.

Синдикатите треба да се обединуваат како одговор на концентрирањето на светскиот капитал Синдикатите треба да се обединуваат како одговор на концентрирањето на светскиот капитал

Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски ги запозна гостите со агендата и постигнувањата на ССМ во изминатите три години. Митревски нагласи дека постојат можности за заедничко аплицирање за ЕУ – проекти. Следен аспект на соработката би било развивање на заштитата на работничките права за работниците во турските компании во Македонија. Бидејќи двете земји се кандидати за Европската Унија постои простор за размена на искуства во процесот на евроинтеграцијата. Сведоци сме на глобална концентрација на капиталот, така што логичен одговор е соработка и обединување на синдикатите.

Недим Веске исто така информираше за состојбите во турските синдикати. “Турк метал“ е член на националниот синдикат “Туркиш“, каде членуваат 33 грански синдикати. Досега се има изборено за повеќе бенефиции на турските работници, како загарантираната плата, обезбедување отпренини и други погодности. Инаку “Турк метал“ со 151.000 членови е едне од поголемите синдијкати во “Туркиш“.

На средбата се договараше и за средби на експерти од двете страни за развивање на соработката, за консалтинг за проекти, како и за соработка на секциите и клубовите на млади, додека околу безбедноста и здравјето гостите сугерираа дека е корисно да учествува и организацијата на работодавачи “МЕСС“.