ПОРАКА ЗА ПРВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ

Печати

Д-р Живко Митревски, претседател на ССМ

СОЈУЗ НА СИНДИКАТИТЕ НА МАКЕДОНИЈА
Д-р Живко Митревски, претседател на ССМ

ПОРАКА
ЗА ПРВИ МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ

По повод најголемиот Меѓународен празник на работниците – Први мај, ССМ упатува срдечни честитки до сите работници и порака дека темелните човекови права се неприкосновени. Секој човек има право од својот труд да ја обезбедува својата егзистенција и да ја гради својата и иднината на општествената заедница.

За таа цел, за работниците е од исклучителна важност да се организираат во синдикати, да се здружуваат, бидејќи партиципацијата на работниците има клучна улога во изградбата на секое општество во современо и демократско.

ССМ е најмасовната работничка организација во Република Македонија која опстојува повеќе од еден век. Тоа е потврда за преокупацијата на ССМ во остварувањето на темелните цели: подобрување на материјално-социјалната положба на работниците, почитување и унапредување на нивните права, респектирање на синдикатот и зацврстување на неговата позиција во општеството како социјален партнер кој рамноправно придонесува во градењето на РМ во современо и демократско општество – држава-кандидат за членка во ЕУ.

Со практичен, рационален, осовременет и институционален пристап, и во услови на предизвици од најтешката економска светска финансиска и должничка криза, ССМ се фокусираше и ги одбрани трите најзначајни столба:

Верификуваните резултати се втемелени во работното законодавство и се бележи процес на имплементирање на низа ЕУ директиви, унапредување на социјалниот дијалог, функционирање со донесување на низа историски закони од типот на Законот за минимална плата, Законот за европски работнички совети и Законот за мобинг кој се очекува наскоро да се донесе. Истовремено, се врши збогатување на работната легислатива со ратификацијата на 5 конвенции на Меѓународната организација на трудот и 19 директиви на Европската Унија, што е уште еден конкретен придонес во делот на зголемување на бројот, но и подигнување на свеста за потребата од меѓународните работнички стандарди.

За ССМ и натаму останува предизвик: почитувањето и унапредувањето на работничките права; зголемувањето на бројот на вработени; редовната исплата и одржувањето на реалната вредност на платите; издигнувањето на свеста за потребата од имплементирање на меѓународните работнички стандарди, унапредување на социјалниот дијалог и интензивирање на процесот на формирање на локални економско-социјални совети, како и за други прашања за подобрување на економско-социјална положба на работниците.

Скопје, 2013