СЕМИНАР НА СХНМ ЗА КОЛЕКТИВНОТО ПРЕГОВАРАЊЕ

Печати

22.04.2013
Д-р Лазар Јовевски и учесниците на семинарот Д-р Лазар Јовевски и учесниците на семинарот Синдикатот на хемија, неметали и метали (СХНМ) на 20 и 21 април во Маврово организираше семинар на тема колективното преговарање.

Предавач на семинарот, што се одржа со поддршка на Фондацијата “Фридрих Еберт“, беше д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет “Јустинијан Први“.
На средбата учествуваа околу 40 синдикалци од скоро сите синдикални организации во СХНМ.