ПРОТЕСТОТ Е ПРОТИВ ЛОШИТЕ ЗАКОНИ

Print
There are no translations available.

8.10.2007

Ги повикуваме вработените, невработените, стечајците, младите, невладините организации, сите оние кои во Законот за работни односи препознаваат одземање на работничките права...

 

Централниот јавен протест на Сојузот на синдикатите на Македонија ќе се одржи на 14 ноември во Скопје, додека една недела порано, на 7 ноември, ќе се одржат протести во неколку градови: Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Штип и Куманово. Со ова портпаролот на ССМ Пецо Грујовски на денешната конференција за печат ја потврди вчерашната одлука на Советот на ССМ за одржување на протести по повод новите закони со кои се одземаат работничките права.

Со протестите ССМ сака да изрази револт за донесувањето лоши закони од економската сфера. Главен мотив се измените во Законот за работни односи, со кои се одземени 10 стекнати права. Ги повикуваме сите оние кои во законот гледаат скусени права за работниците, што значи вработените, невработените, стечајците, работниците прогласени за технолошки вишок, младите, невладините организации и други, изјави Груевски.

Вториот мотив е измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Се повеќе работници имаат проблем да го комплетираат стажот, а тоа се лица кои работат во тешки услови, како во текстилната индустрија и рударството. Ја поздравуваме постапката за предвремено пензионирање на 2.200 полицајци, но сметаме дека законот треба да биде еднаков за сите и да се мисли на сите категории вработени. Со квалитетен закон за пензионирање може со еден потег да се реши проблемот на сите стечајци, а не само за еден дел од нив, нагласи Грујовски.

Протестираме и против опаднатиот стандард, високите цени на основните артикли и поради неможноста на многу луѓе да преживеат. Понатаму, бараме од Владата еднаш да воведе најниската плата, односно да се договори со Синдикатот за ова прашање. Македонија е единствената земја во Европа во која не е утврдена најниската плата.

Протестот не е насочен против Владата, државните институции, политичките партии, туку против оние кои носат лоши закони и прописи. Кога еднаш ќе се укинат стекнати права тие многу тешко се враќаат, изјави Грујовски.