МИЛАН ЖИВКОВИЌ ПОРТПАРОЛ НА ССМ

Print
There are no translations available.

milan_zivkovic_portparol_ssm14.05.2009

Од почетокот на мај должноста портпарол на Сојузот на синдикатите на Македонија ја врши Милан Живковиќ, експерт за меѓународна економија и право...


МИЛАН ЖИВКОВИЌ ПОРТПАРОЛ НА ССМ

 

Функцијата портпарол на Сојузот на синдикатите на Македонија од почетокот на месец мај ја извршува Милан Живковиќ, експерт по меѓународна економија и право. До оваа година должноста ја вршеше Пецо Грујовски, генерален секретар на Синдикатот на управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ). Живковиќ воедно е именуван за шеф на кабинет на претседателот на ССМ.

Милан Живковиќ е роден на 22.10.1977 година во Титоград, сегашна Подгорица. Детството го поминува во Охрид, каде завршува основно и средно образование. Во 1995 година заминува во САД, каде дипломира на Универзитетот во Северна Каролина, “Gardner Webb University“, отсек за меѓународна економија и право. Од 200 до 2002 година ги завршува постдипломските студии на истиот универзитет.

Во САД од 1998 година работи во телекомуникацискиот и финансискиот сектор, воглавно во областа работни односи и управување со хумани ресурси. Прво вработување му е во компанијата “RICOH“, како главен застапник во секторот во градот Шарлот. Подоцна преминува во “Bell SOUTH“, копманија која е член на “AT&T“, денес најголемата комуникациска компанија во светот. Од почетокот на 2009 година живее во Скопје.

Ја сакам синдикалната атмосфера, самата природа на работа на Синдикатот, должностите и преокупациите на работничката организација. Во Охрид сум пораснат во токму таков амбиент, најпрво поради тоа што мојот татко беше синдикално активен. Доста се дружеше со негови колеги и пријатели од организацијата, така што во нашиот дом често се зборуваше за работничките права, стандардот и за другите синдикални теми. Инаку финансиската криза што го зафати целиот свет создава услови за засилување на улогата на Синдикатот и за неговото место во вкупните односи во светот, секако и во Република Македонија, изјави Живковиќ.