БАНКАРСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ СТРАВУВААТ ОД МОБИНГ И ОТКАЗИ

Печати

28.05.2009

Иако банките се најобвинувани за светската економска криза последиците не треба ги трпат вработените во финансиски институции. Мобингот и отказите во банките се се позабележлива појава, заклучија синдикатите од финансискиот сектор од осум европски земји...

 

 

Стресот, мобингот и стравот од откази се состојби кои се се позабележителни кај вработените во банките и другите институции од финансискиот сектор. Иако како главни, или барем почетни виновници за кризата се сметаат банките, последиците не треба да ги сносат банкарските службеници.

Ова е заедничкиот заклучок на синдикатите од финансискиот сектор од седум европски земји, на семинарот што се одржа во градот Арад, Романија, во организација на Светската организација на работниците (World Organization of Workers). Интересно е што истите проблеми станаа карактеристични за банкарските службеници во земји со различна позиција и состојба - Австрија, Македонија, Словачка, Унгарија, Романија, Србија и Црна Гора. Изгледа дека глобализацијата не се чувствува само на економските текови, туку истоветни последици стануваат секојдневни на подрачјата за кои не се зборува многу, како односот кон вработените кои се именуваат како “обични вработени“.

Накусо, сите присутни синдикати брзо дојдоа до заеднички заклучок дека вработените не се виновни за светската криза, ниту тие ја предизвикаа, и затоа не смее да се дозволи тие да ги сносат последиците. Неприфатливи се намалувањето на платите и губењето работни места, појави кои до скоро не беа својствени за банкарскиот сектор, но кои се регистрираат во овој сектор во цела средна и источна Европа.

Оттаму синдикатите доста разговараа за мобингот и разните притисоци врз вработените. Преоптоварувањето со работа и стресовите треба да бидат признати од надлежните служби како болест предизвикана од условите за работа, што веројатно брзо ќе прерасне во приоритетна задача на банкарските синдикати.

На семинарот Македонија ја претставуваше Синдикатот за финансиски дејности на Македонија (СФДМ), односно членовите на Претседателството Сашо Лазаревски и Душко Петровски. Тема на семинарот беа колективните договори, за што беа поснесени извештаи за состојбите во секоја земја, но светските збиднувања сепак ја насочија дискусиите врз финансиската криза - односно последиците што ги трпат вработените.

СФДМ е примена за полноправна членка на Светската организација на работниците од 2008 година.