ОДРЖАН ПЕТТИОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ НА СГИП

Печати

21.5.2016

На 21ви мај 2016-та година во Крушево се одржа Петтиот Конгрес на СГИП. На Конгресот се одбележа јубилеј од 80 години од првиот штрајк на градежните работници од 20.06.1936-та  година кога се поставени темелите на синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија.
 
Слика 1. Претседателот на СГИП, Павел Трендафилов

Покрај делегатите присуствуваа голем број на домашни и странски гости. Конгресот едногласно го избра за Претседател Павел Трендафилов како и новите членови  на Советот на СГИП и Надзорниот одбор на СГИП.
СГИП им го честита мандатниот период 2016-2021 на ново избраните членови на органите и телата на СГИП.
 
Слика 2. Присутни на Конгресот