ПРВ РАБОТЕН СОСТАНОК ПО ОДНОС НА ПРОЕКТОТ ЗА БЗР - СТРУМИЦА -

Печати

19.2.2016
 
Слика 1. Учесници на работниот состанокотСлика 1. Учесници на работниот состанокот

На ден 19.2.2016 год. во Струмица, Сојузот на Синдикатите на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, одржаа прес-конференција и работен состанок со социјалните партнери, граѓански организации, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители од регионот во состав на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”.

Пред почетокот на состанокот се одржа прес- конференција на која своја изјава даде Советникот на претседателот на ССМ за проекти и ЕУ интеграции, м-р Лидија Насковска и претставникот од МЗЗПР, Фатмир Сарачини.

Сојузот на синдикатите на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа денеска во Струмица го одржува првиот од 10-те работни состаноци за проектот кој има цел да го зајакне партнерството меѓу граѓанските организации државните институции во делот на остварување безбедна и здрава работна средина. Фирмите да инвестираат во безбедност при работа. Резултатите од ваквите инвестиции покажуваат дека подобрените услови за работа влијаат врз зголемување на профитабилноста на компанијата. За оваа цел беа изготвени прашалници за работниците и синдикалните претставници за безбедност при работа. Целта беше да се види колку работниците се запознаени со новите измени и со работата на синдикалниот претставник и неговото дејствување, додека синдикалните претставници требаше да одговорат во која мерка се почитува и се спроведува овој закон во претпријатијата“- изјави м-р Лидија Насковска, советник на претседателот на ССМ за проекти и ЕУ интеграции,
 
„Очекуваме проектот да влијае врз подобрување на соработка на граѓанските организации со работниците и работодавачите, како и подигнување на јавната свест за важностa за заштитата при работа. Ние имавме проект кој траеше 5 години каде што се грантираа одредени компании за да се види дали тоа инвестирање е трошок или инвестиција за компанијата. Се увиди дека во тие компании се подобрија условите за работа и се подобри имиџот, но воедно и се зголеми и добивката, а повратокот на средствата беше за околу 3 години“- истакна Фатмир Сарачини, претставник на МЗЗПР

Состанокот го отвори координаторот на проектот, Весна Ристовска, која ја презентираше целта на проектот со сите активности.
Понатаму следеше презентација на законот за БЗР со осврт на улогата на синдикалниот претставник/претставникот на вработените за БЗР од страна на Даниела Индова, стручно лице по БР.

Презентирање на резултатите од истражувањето и анализата на прашалниците за улогата на синдикалниот претставник/претставникот на вработените за БЗР на локално ниво, проблеми и предизвици, имаше претседателот на регионално претставништво на ССМ во Струмица Васил Глигоров и Зорка Андова координатор на регионална канцеларија на ССМ во Радовиш.

Како последна точка на дневниот ред беа презентирани заклучоците од состанокот од кои произлезе дека во компаниите каде што има формирано синдикална организација, на претставникот за БЗР му е овозможено непречено извршување на неговата функција од страна на неговиот работодавач како и дека вработените се запознаени со основните принципи и одредби содржани во законот за БЗР. Во однос на изјавата за безбедност и проценката за ризик сите беа категорични дека овие мерки од законот за БЗР ги има во претпријатијата во стопанството каде всушност и беа направени поголемиот број на анализи и дека доследно се почитуваат. По однос на можноста вработените да се обратат до синдикалниот претставник/претставникот на вработените за БЗР од дискусијата може да се заклучи дека голем број на вработени имаат каде да се обратат, но и дека истите не упатуваат претставки во однос на безбедноста и здравјето на работното место. Како заклучок од дискусијата од оваа тема може да се каже дека и самите вработени не превземаат мерки во однос на овој проблем и често тоа останува само како муабет  помеѓу самите вработени.

Како генерален заклучок на работниот состанок беше дека во фирмите каде работниците се синдикално организирани постојат подобри услови за безбедна и здрава работна средина.