ЕВАЛУАЦИЈА И СРЕДНОРОЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЕКТОТ НА МОТ - ПОДОБРУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ

Печати

18.2.2016

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на состанокот со евалуаторот од МОТ г-ѓа Лејла ТановиќСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на состанокот со евалуаторот од МОТ г-ѓа Лејла Тановиќ

На 18ти февруари 2016 година во Сојузот на синдикатите на Македонија во состав на проектот на МОТ "Подобрување на социјалниот дијалог", се одржа состанок со г-ѓа. Лејла Тановиќ, евалуатор на Меѓународната организација за труд МОТ.

Целта на овој состанокот беше да се направи среднорочен извештај за досегашните активности кои беа реализирани со проектот како и да се разговара за идеи и потреби од можни идни активности во рамките на проектот.

На состанокот присуствуваше претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и советникот на претседателот на ССМ за проекти и ЕУ интеграции, м-р Лидија Насковска.

Претседателот го истакна задоволството од досега спроведените активност од страна на проектот како и ја истакна потребата за идните активност кои би се насочиле кон унапредување на социјалниот дијалог. Како можни идни анализи кои треба да се направат беа посочени анализа за влегување на привремените работници како посебна категорија на лица во поглед на колективното договарање и склучување на КД, синдикално организирање на овие лица се со цел и поголема заштита на нивните работнички права како и анализа за нивната безбедност и здравје при работа за времето на кое се ангажираат за таа работа како и анализа за познавањето на младите луѓе во поглед на социјалниот дијалог и потребата од синдикално организирање со што истото би се споило и со организирањето на спектакл за подигање на капацитетите на младите за овие клучни сегменти.

Проектот продолжува со своето реализирање и во наредниот период.