РАБОТИЛНИЦА ЗА РАБОТНА ГРУПА РЕФОРМИ ВО СИНДИКАТОТ: ОРГАНИЗИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО СИНДИКАТИ

Печати

29.1. - 1.2.2016
 
Слика 1. Учесниците на Кампот за младиСлика 1. Учесниците на Кампот за млади

Регионален синдикален совет "Солидарност" во рамките на проектот "На патот кон ЕУ", организираше Камп за млади, работилница на тема: "Структура на младите во синдикалните организации во Регионалниот Синдикален Совет  "Солидарност" и генерално во Западен Балкан, како и ситуацијата на младите во синдикатите и општество" во х. Милениум во Охрид од 29.1. до 1.2.2016 година.

29.01.2016 img2Слика 2. Претседателот на ССМ, д-р Митревски на отворањето на Кампот за млади

На работилницата присуствуваше и истата ја отвори претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски, а покрај претставниците од Секцијата на млади на Сојузот на синдикатите на Македонија (СМССМ), присуствуваа претставници од Секциите на млади од регионот, Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС), Сојуз на самостојните синдикати на Србија (СССС), Соединети грански синдикати „Независност“ Србија, Унијата на слободни синдикати на Црна Гора (УСЦГ), Сојуз на самостојни синдикати на Словенија (ЗССС), Сојуз на синдикати на Босна и Херцеговина (ССБиХ), Сојуз на синдикати на Република Српска (ССРС) и Сојуз на синдикати на Косово (БСПК).

На првиот ден тема на работилницата беше: Млади, како гаранти за иднината на Синдикатот. Референтното лице Горан Лукиќ, соработник на Синдикатот и Млади плус како и претседател за советување на мигранти во своето излагање ја покажа структура на младите во Словенија и успешни кампањи во земјите од Западен Балкан.

Претседателот на Секцијата на Млади на Сојузот на синдикатите на Македонија (СМССМ), м-р Лидија Насковска, одржа презентација на тема: „Состојбата на младите во синдикатот и на пазарот на трудот во Република Македонија“, во која го истакна работењето на секцијата на млади и кампањите,советувањата и измените на закони кои ги имаше во периодот од октомври 2015 година па се до крајот на јануари 2016 година.

Како најважни беа истакнати активностите за отпочнување на кампањата во борба против непријавена работа, обуката за зачленување на нови членови во мултинационалните компании како значењето на најновите измените на Законот за БЗР во делот на подигање на улогата на синдикалниот претставник и Кривичниот Закон во делот на одредување на казна затвор за работодавачот кој не исплаќа плата, придонеси и надоместоци како и ако побара истите да му бидат вратени или пак го избрка од работа работникот кој што го пријавил за стореното дело.
Претставникот од Сојуз на самостојни синдикати на Словенија (ЗССС), Млади плус, Сања Лебан Тројар, ја претстави кампањата и вмрежување „За социјално вмрежување“, како и примери на добра пракса.

Вториот работен ден, работилницата беше на тема: "Невработеноста на младите и стручна подготовка". Референтно лице беше Желимир Станиќ, активист од ЗССС, Млади плус и член на Младинскиот комитет Европската Конфедерација на Синдикати (ЕКС).

Желимир Станиќ, ни ја прикажа структурата на младите во ЕКС од регионот, како и положбата на младите во Синдикатите и во општеството во целина, примери на добра организација и пракса, како што се примерот на Синдикатот на ДЕСК во Турција, потоа во Унгарија и примери од други земји во Југоисточна Европа.

Покрај плодната дискусија која што ја имаше на работилницата и заклучоците кои произлегоа, беше потенцирано дека од големо значење би било понатамошното од редовно одржување на пленарните состаноците на Секциите на млади од регионот во состав на пленарните состаноци на Регионалниот синдикален совет „Солидарност“.