ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЕВРОПА

Печати

27.1.2016

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на отворањето на семинаротСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на отворањето на семинарот

Во рамките на проектот „Колективното договарање и застапување на привремените работници во Европа. Развој и зајакнување на индустриските односи како одговор на промените на европскиот пазар на труд“, Сојузот на синдикатите на Македонија на 27.1.2016 година, одржа семинар на кој ги презентираше резултатите од истражувањето спроведено во ЕУ 28 и 5 –те држави вклучени во проектот Македонија, Шпанија, Португалија, Италија и Германија.

Семинарот го отвори претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски, кој во своето излагање ја истакна важноста од истражувањето кое беше спроведено на терен а кое за крајна цел ја има изработката на комплетна анализа и студија посветена на оваа тема.

На семинарот покрај гранските синдикати кои беа дел од фокус групата присуствуваа и претставниците од Центарот за економски и социјални студии, синдикат Италија (ЦЕСОС), г-ѓа Вилма Ринолфи која е координатор на проектот и г-ѓа Флавија Пеше, проект менаџер и постар истражувач во проектот.

Слика 2. Учесници на семинаротСлика 2. Учесници на семинарот

На самиот почеток, координатор на проектот г-ѓа Вилма Ринолфи од ЦЕСОС, накратко го претстави проектот и даде осврт на целите и активностите од проектот како и ја нагласи фазата во која се наоѓа проектот.

Слика 3. Координаторот на проектот г-ѓа Вилма Ринолфи од ЦЕСОС во своето излагањеСлика 3. Координаторот на проектот г-ѓа Вилма Ринолфи од ЦЕСОС во своето излагање

По нејзиното излагање, м-р Лидија Насковска, Советник на претседателот за проекти и ЕУ интеграции во ССМ а како постар истражувач во проектот, даде осврт на проблемите и насоките кои беа истакнати од фокус групата во Македонија, на 24 јуни 2015 година  кој ги истакнаа трите главни проблеми и можни решенија на истите со кои се соочуваат привремените работници:

1. Проблеми кои произлегуваат од времетраење на ангажманот
2. Непостоење на посебен колективен договор за привремени работници
3. Други проблеми на привремените работници корисници на некои социјални бенефиции, како што се:


Слика 4. м-р Лидија Насковска, постар истражувач во проектот во своето излагањеСлика 4. м-р Лидија Насковска, постар истражувач во проектот во своето излагање

Меѓу другото таа истакна дека: „Генерални причини во Македонија поради кои привремените работници не прифаќаат да работат привремена работа се:

Врз основа оваа анализа и дадените препораки од фокус групата, беше изработен Извештајот за „Колективното договарање и застапување на привремените работници во Европа. Развој и зајакнување на индустриските односи како одговор на промените на европскиот пазар на труд“, кој на семинарот беше презентиран од страна на економскиот експерт, Љубица Дековска.

Слика 5. економскиот експерт, Љубица Дековска на презентацијата на ИзвештајотСлика 5. економскиот експерт, Љубица Дековска на презентацијата на Извештајот

Во нејзината презентација беа истакнати резултатите од квантитативната и квалитативната анализа на податоците за привремените вработувања во ЕУ 28 и 5 –те држави вклучени во проектот Македонија, Шпанија, Португалија, Италија и Германија, кои беа добиени од базата на податоци ЕУРОСТАТ и по пат на теренски истражувања и директни комуникации и размена на податоци со претставници од синдикати и претставници од Организациите на работодавачите во овие земји.

Во презентацијата беа истакнати начините на застапување на  привремените вработени и можностите за колективно преговарање за подобрување на нивните права од работен однос.

На крајот беа презентирани заклучоците и препораките кои ќе стимулираат дискусијата за изнаоѓање на практични решенија за дејствување кои можат да придонесат за решавање на проблемите со кои се соочуваат привремените вработени.