РАБОТНА ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНАТА СИНДИКАЛНА КАНЦЕЛАРИЈА ВО РАДОВИШ

Печати

24.1.2016

Слика бр.1. Претседателот д-р Митревски со секретарот на РСК Радовиш, Зорка АндоноваСлика бр.1. Претседателот д-р Митревски со секретарот на РСК Радовиш, Зорка Андонова

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски на 24.1.2016 г. оствари работна средба во Регионалната синдикална канцеларија во Радовиш со секретарот на канцеларијата Зорка Андоновска.

На состанокот беше разговарано за состојбата со нови зачленувања, функционирање на социјалниот дијалог на локално ниво и стечајните постапки, при што беше констатирано дека постојат можности за започнување на активности за нови зачленувања посебно во малите и средните претпријатија.

Истовремено беа разгледани и можностите за подобрување на функционирањето на социјалниот дијалог и поврзаноста со организациите на работодавачите на локално ниво како би можело заеднички да се ефектуира социјалниот дијалог.