ПОТПИШАНИ НОВИ КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ ВО ТЕКСТИЛНАТА И КОЖАРСКО ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА

Печати

 

4.12.2015

Претседателот на Здружението за текстилна индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Димитар Поповски  и претседателот на здружението за кожарско чевларска индустрија при Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Костадин Барзов и г-дин Ангелко Ангелковски, претседател на Синдикатот на работниците од текстилна, кожарска и чевларска индустрија при ССМ, денеска свечено ги потпишаа колективните договори за текстилната индустрија и за кожарско- чевларската индустрија.

На потпишувањето присуствуваа и претседателот на Организацијата на Работодавачи на Македонија, г-дин Ангел Димитров и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, г-дин Живко Митревски, кои искажаа задоволство со овој чин со кој уште  еднаш се потврди дека социјалниот дијалог на бипартитно ниво бележи напредок, во делот на регулирањето на правата и обврските на работниците и работодавачите од стопанството.