ГОЛЕМА ПОБЕДА НА ССМ ВО ОДБРАНА НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА

Печати

 

18.11.2015

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), водеше борба за остварување на работничките права поврзани со остварувањето на правото на плата, минимална плата, регрес за годишен одмор и друг додатоци и надоместоци.

Благодарение на инцијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за првпат во историјата на работното и кривичното законодавство неостварувањето на овие права добива третман на кривично дело.

Сојузот на синдикатите на Македонија во својата програма посебно на 19 Конгрес на ССМ акцент имаше ставено на борба против непријавената работа и неформалната економија. Во овие рамки постојана беше Нашата активност со доставување на предлози за измена и дополнуање на Законите кои ќе одат во насака за заштита на платите, а посебно на Минималната плата и исплата на надоместоците.

Во оваа смисла посебно укажувавме на зачестената појава на намалени износи на исплата на плата, плата во плик, враќање на средства на работодавачот и слично. Како што е познато на 2.11.2015 година започнавме кампања против непријавената работа и неформалната економија и ги ангажиравме сите наши структури со цел да ја спречиме злоупотребата на работничкиот труд, повредата на правата од работен однос, враќање на средства од работниците на некои работодавачи, враќање на сума на пари од плата, кратење на надоместоците, неисплата или враќање на К-15, практика на пријавување на пониски плати што создава сериозни проблеми за опфатот и финансирањето на социјалното осигурување, лишувајќи ги ваквите работници и нивните семејства од заштитата против задолжителни социјални ризици.

Последната анкета покажа дека над 22,5 % од работниците се вклучени во облик на неформална економија и непријавена работа, а околу 7% според анкетата имаат работа без договор и дека се соочуваат со проблем со исплата на помала плата или плата во плик.

Поради овие проблеми ССМ како еден од најзначајните фактори во социјалното партнерство и еден од субјектите кој прв бараше измени на Кривичниот законик смета дека најновите предлог измени со кои се предвидува:

Во член  166 по ставот (1) се додаваат два нови става, кои гласат:

„(2) Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни  со затвор од три месеци до една година.

(3) Со казната од ставот (2) ќе се казни работодавачот кој на работник ќе му врачи отказ поради тоа што го пријавил работодавачот или дал исказ во својство на сведок за тоа дека му побарал на работникот да врати одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот или не го вратил износот.

Ставот (2) станува став (4).

драстично ќе обезбедат можност со оваа превенција и санкција да се извојува борбата за заштита на платата, минималната плата, работничките права и на социјална и економска сигурност на работниците.

    Истовремено ваквата мерка ќе ги охрабри сите работници да ги пријавуваат злоупотребите на одредени работодавачи и ќе овозможи на институциите на системот и на синдикатите уште по активно да се вклучат во борба за остварување на работничките права во Република Македонија.

ССМ го изразува своето задоволство што иницијативата на ССМ која долгпериод ја промовираше заедно со социјалните партнери на овој начин се реализира.