РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА НА ТРИПАРТИТЕН АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КОЛЕКТИВНОТО ДОГОВАРАЊЕ

Печати

22.9.2015
 
Слика 1. Присутни на работилницатаСлика 1. Присутни на работилницата

На 21 и 22 септември 2015 година во хотелот Александар Палас, се одржа трипартитна работилница, во рамките на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, на која присуствуваа претставници од Сојузот на синдикатите на Македонија, Министерството за труд и социјална политика и останатите социјални партнери.

На работилницата, учесниците дискутираа мерки, кои ќе бидат вградени во Трипартитен акциски план за колективно договарање, земајќи го предвид и родовото прашање.  
Техничка поддршка во текот на самата работилница беше обезбедена од г-ѓа Кристина Михеш, виш експерт од МОТ за социјален дијалог и трудово законодавство, г. Драган Радиќ, виш експерт од МОТ за активности на работодавачите и г. Овидиу Журка, виш експерт од МОТ за активности на работниците.

Слика 2. Претседателот Митревски на работилницатаСлика 2. Претседателот Митревски на работилницата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски го потенцирање значењето од потребата од изготвување на трипартитен акциски план за колективно преговарање, притоа укажа дека во контекст на ова треба да се направи анализа на густината на колективни договори по сектори, да се изврши соодветно мапирање, да се изврши промоција на потребата од колективното преговарање во индустриските зони, а во секој случај треба да се размислува и за афирмација на зајакнување на законската рамка за поттикнување на процесот на колективно преговарање помеѓу социјалните партнери. Во оваа смисла посебно ќе биде значајна и позицијата на државата за афирмација на овој процес.

Слика 3. Претседателот д-р Митревски со вишиот експерт за синдикално работење од МОТ, Овидиу ЖуркаСлика 3. Претседателот д-р Митревски со вишиот експерт за синдикално работење од МОТ, Овидиу Журка

Во рамките на работилницата, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, му се заблагодари на вишиот експерт за синдикално работење од МОТ, Овидиу Журка, кој оваа година заменува во пензија за долгогодишната соработка и истакна дека, во изминатиов период од 5 години направен е значаен исчекор во делот на унапредување на социјалниот дијалог и ратикување на конвенциите на МОТ.