РЕГОНАЛНА ТРИПАРТИТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФОРМАЛИЗИРАЊЕ НА НЕФОРМАЛНАTA ЕКОНОМИЈА

Печати

15-16.9.2015
 
Слика 1.Учесници на конференцијатаСлика 1.Учесници на конференцијата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски заедно со заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, претставникот од Меѓународната организација на трудот од канцеларијата во Скопје, Емил Крстаноски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков присуствуваат на Регионалната конференција за Формализирање на неформалната економија, која се одржува во Бечиќи, Будва, Црна Гора, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и Министерството за труд и социјална политика на Република Црна Гора.
 
Слика 2. Заменик министерот на МТСП, Ибрахим Ибрахими, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков (од десно кон лево)Слика 2. Заменик министерот на МТСП, Ибрахим Ибрахими, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков (од десно кон лево)

Целта на конференцијата е да се промовираат новоусвоените препораки за преминување од неформална во формална економија 2015 година и да се обезбеди можност за учесниците да ги споделат релевантните знаења од Европа и Централна Азија во однос на пристапите и инструментите кои се однесуваат на формализирање на неформалната економија, вклучително и научените лекции, преку спроведување на голем број на проекти на МОТ во регионот.

На настанот учествуваат и претставници од владите и организациите на работодавачи и работници од Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Казахстан, Молдавија, Црна Гора, Португалија, Романија, Русија, Србија, Таџикистан, Турција и Украина како и претставници и технички експерти од МОТ.