РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И СЕКРЕТАРОТ НА ССМ НА СИНДИКАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА ВО МАКЕДОНСКИ БРОД

Печати

Во рамките на програмата за работа и активностите на ССМ за реализација на определени прашања поврзани со територијалната структура на ССМ, како и запознавање со состојбите на вработените во поодделни општини, претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и секретарот на Советот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски на 3.9.2015 извршија работна посета на синдикалната канцеларија во Македонски Брод, а за актуелните состојби на општината беа запознаени од синдикалниот координатор Деан Петковски.

Истовремено беа реализирани и повеќе посети во одредени синдикални организации.