РАБОТНА СРЕДБА НА ССМ И СРСВМ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Печати

2.9.2015

02-09-2015-ssmlogo 02-09-2015-srsvmlogo

На 2.9.2015 година беше одржана работна средба на која присуствуваа претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, претседателот на СРСВМ, Методија Димески и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Средбата беше реализирана по основ на повеќе актуелни прашања поврзани со работењето на Македонски Железници АД Транспорт и Македонски Железници Инфраструктура.
На средбата присуствуваа претставници на синдикалната организација и извршниот одбор како и членови на претседателството на СРСВМ.

Акцентот беше ставен на решавање на актуелните прашања поврзани со платата и здравствените картони. Од страна на претставниците на синдикатот беше актуелизиран проблемот околу доцнењето на платата со предлози за начин на решавање на проблемот и реализирање на барањето на вработените.

Од страна на министерот Мисајловски беше образложена состојбата во МЖ Транспорт и МЖ Инфраструктура, состојбата со мигрантската и бегалската криза и видувањата по однос на решавање на проблемот со исплата на плата и здравствени картони. Притоа беше истакнато дека при решавање на проблемите, приоритетот ќе биде насочен кон решавање на проблемот со здравствените картони со одредена динамика и вклучување на Фондот за здравствено осигурување.