ФОРМИРАН НОВ ЛОКАЛНО ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛЕН СОВЕТИ (ЛЕСС) ВО ОПШТНА СВЕТИ НИКОЛЕ

Печати

27.8.2015
 
Слика 1. Формирање на ЛЕСС Свети НиколеСлика 1. Формирање на ЛЕСС Свети Николе

Иницијативата на Сојузот на Синдикатите на Македонија водената по повод Првомајската кампања во 2013 година, а која се однесуваше на потребата од формирање на Локално- економски социјални совети (ЛЕСС) се повеќе и повеќе се етаблира во Р. Македонија поттикната во конкретниот случај во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, со реализација на социјалните партнери и Меѓународната Организација на трудот (МОТ).

По тој повод, денес во општина Свети Николе беше потпишана Спогодба за формирање на ЛЕСС од страна на социјалните партнери и градоначалникот на општина Свети Николе, Зоран Тасев.

Слика 2. Формирање на ЛЕСС Св. НиколеСлика 2. Формирање на ЛЕСС Св. Николе

Потписници на спогодбата се градоначалникот на Општина Свети Николе се: г. Зоран Тасев, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров и в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски.

Спогодбата претставува основа за институционален развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, како и помеѓу јавниот и приватниот сектор, особено меѓу системот за образование и за поддршка при вработување од една страна и работодавачите од друга страна; воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем; вклучување на младите во регионалниот дијалог преку нивно учество во ЛЕСС; размена на мислења и информации; покренување на заеднички иницијативи; учество во креирање на законски решенија кои влијаат на материјална и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионерите, младите, жените и др.; развивање на колективното договарање, преговарање и склучување на ниво на претпријатијата и установите; следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето и усогласување на образовниот процес со потребите на пазарот на труд и сл.