ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ ИЛИНДЕН

Print
There are no translations available.

2.8.2015
Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, во име на Сојузот на синдикатите на Македонија, на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот и национален празник Илинден, празник кој претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава.

Прославувањето на овој празник претставува прославување на стремежот и идеалите на генерации Македонци преточени во нивната борба за слободна Македонија, чествувајќи го нивното дело, но и носејќи ја одговорноста за продолжување на борбата за просперитетна, демократска и европска Македонија.

Нека е честит и вековит празникот!

Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател,
д-р Живко Митревски