ПРОДОЛЖУВА ФОРМИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ (ЛЕСС) ФОРМИРАН ЛЕСС РЕСЕН

Печати

 

28.7.2015
 
Слика 1. Формирање на ЛЕСС РесенСлика 1. Формирање на ЛЕСС Ресен

Во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, со реализација на Меѓународната Организација на трудот (МОТ), денес во Ресен беше потпишана Спогодба за формирање на ЛЕСС од страна на социјалните партнери и градоначалникот на Општина Ресен.

 
Слика 2. Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС РесенСлика 2. Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС Ресен

Потписници на спогодбата се градоначалникот на Општина Ресен, м-р Ѓоко Стрезоски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров, претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, и в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски.

Спогодбата претставува основа за институционален развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, како и помеѓу јавниот и приватниот сектор, особено меѓу системот за образование и за поддршка при вработување од една страна и работодавачите од друга страна; воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем; вклучување на младите во регионалниот дијалог преку нивно учество во ЛЕСС; размена на мислења и информации; покренување на заеднички иницијативи; учество во креирање на законски решенија кои влијаат на материјална и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионерите, младите, жените и др.; развивање на колективното договарање, преговарање и склучување на ниво на претпријатијата и установите; следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето и усогласување на образовниот процес со потребите на пазарот на труд и сл.